Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

8 мин на читање

Како да ја инсталирате вашата машина за миење садови Beko?

Како да ја инсталирате вашата машина за миење садови Beko?
Како да ја инсталирате вашата машина за миење садови Beko?

 

 

Што ќе ви треба 

 

Алатки

Ножици или скалпел за отворање на кутии, клуч, шрафцигер, либела 

 

Приклучокоци:

Приклучок на електрична енергија  со заземјување, без мултипликатори или продолжни кабли, приклучок на водоводна мрежа и канализација 

 

Дополнителни делови:

Двоен излезен вентил, одвод на опашката 

 

Ниво на тежина:

3/5

 

Приближно време:

30 до 45 минути за да го отстраните стариот апарат 

90 до 120 минути за да го инсталирате вашиот нов апарат 

 

 

 

Пред да започнете 

 

Инсталирањето на апаратот може да биде незгодно, па дури и опасно, па пред да започнете, бидете сигурни дека сте ги прочитале овие предупредувања и упатства. 

  • Уверете се дека електричната мрежа и снабдувањето со вода се исклучени пред да започнете да го вадите стариот апарат.  
  • Проверете дали стариот / новиот апарат е исклучен од струја кога ќе започнете со постапката за отстранување / инсталирање. 
  • Ставете го апаратот само на рамна, цврста површина што може да ја издржи неговата тежина. Никогаш не го поставувајте на подот со килим, бидејќи тоа ќе го ограничи протокот на воздух на електричните компоненти на дното на апаратот, предизвикувајќи нивно прегревање. 
  • При испораката на вашиот апарат во вашиот дом, проверете дали при транспортот не е оштетен некој дел и дека сите делови и додатоци се испорачани и соодветни. 
  • Осигурете се дека имате заземјен  штекер за напојување со електрична енергија, заштитен со осигурувач. Употребата и излезот треба да бидат во согласност со табелата за технички спецификации во упатството за употреба на Beko. Не поврзувајте го апаратот со продолжен кабел. Проверете дали кабелот за напојување не е некаде пригмечен или заглавен. 
  • Никогаш не го допирајте  приклучокот со влажни раце. Никогаш не го отстранувајте  приклучокот со влечење на кабелот, секогаш држете го кабелот за  главата на приклучокот. 

 

 

 

Отстранување на стариот апарат

 

Осигурете се дека дотокот на вода  е исклучен, а електричното напојување се исклучено од електричната мрежа. Ако апаратот е прицврстен на елементите од вашата кујна, одвртете ги завртките за прицврстување. Извлечете го апаратот од неговата позиција. 

 

Запомнете, машините за миење садови можат да бидат тешки, затоа внимавајте кога ќе се обидете да ja преместите вашата. За полесно да го извлечете апаратот, можете да го закосите наназад и да ставите парче стар килим под предните нозе. Потоа, со него можете да ги извлечете и апаратот. 

 

Сега треба да имате пристап до задниот дел на апаратот и да можете да ги исклучите неговите приклучоци за електрична енергија, вода и одвод. При исклучувањето на инсталациите можно е да има потреба од  клуч или клешти за да ги олабавите истите. Ставете сад под чешмата за водоснабдување доколку забележите какво било истекување и ставете ги краевите на цревата за вода и одвод во садот.  

 

Проверете ги локалните прописи како се постапува во случај кога треба да фрлите стари  апарати за домаќинство. Вашиот локален сервис за комунален отпад  може да ви понуди услуга за тоа,итоа или бесплатно или со наплата. Ако се одлучите сами го отстраните стариот апарат,тогаш сепак ќе  ви треба барем уште едно лице, запомнете дека ќе ви треба друго лице да ви помогне да го подигнете и поместите апаратот. 

 

 

 

Подготовка на вашиот нов апарат за инсталација 

 

Откако вашиот нов апарат ќе се најде во просторијата каде што ќе се инсталира, проверете дали имате доволно простор да го распакувате. Користете ножици или секач за  за отстранување на надворешното пакување. Внимавајте да не пресечете премногу длабоко, бидејќи тоа може да го изгребе апаратот. Исто така,отстранете ги картоните и стиропор. 

 

Под апаратот може исто така да има уште амбалажа, затоа бидете внимателни кога го кревате апаратот за да го извадите. Откако ќе ја отстраните цела амбалажа, исчистете ги сите налепници и капаци надисплејот што е можно побрзо,  бидејќи колку подолго тие останат на апаратота,толку потешко се вадат. 

 

Откако ќе ја отпакувате машината за садови, проверете дали сите делови и додатоци се на број и исправни.Кога зборуваме за додатоци, мислиме на следниве работи: прирачник за употреба, корпа за прибор за јадење, инка за сол, лента за тестирање на тврдоста на водата, а во некои модели и лента за пригушување  на бучавата. Покрај овие, во зависност од моделот, може да има и други дополнителни додатоци.  

 

На задниот дел од апаратот ќе најдете црево за водоснабдување кое е со потемна боја, црево за исфрлање на  отпадна вода  и кабел за напојување со електрична енергија. Цревата ќе се прицврстени за апаратот со две пластични стеги. 

 

Сега, поставете го апаратот близу до местосто кадешто трајно треба да биде монтиран и проверете дали ги имате при рака сите потребни алати за монтирање. 

 

 

 

Инсталирање на вашиот нов апарат

 

Ако заменувате стар апарат со нов, тогаш веќе  имате определен простор за вашиот нов апарат, како и отвори направени во елементите на кујната од кадешто поминуваат цревата или каблите. Меѓутоа, ако го инсталирате вашиот апарат за прв пат, можеби ќе треба да продупчите отвори во елементите на кујната за да можете да ги провлечете цревата за водоснабдување и одвод, како и кабелот за напојување со електрична енергија. 

 

Ако имате посебен систем за  снабдување со вода за машина за миење садови, ова го прави животот малку полесен. Меѓутоа, ако не, ќе треба да обезбедите двоен излезен вентил, за да можете да го користите снабдувањето со вода од вашиот мијалник. Двојниот излез ви овозможува да поврзете две црева на едно водоснабдување. Постојат различни видови на такви двојни излези на пазарот, затоа при монтирањето, следете ги упатствата дадени од производителот на истите. 

 

Откако го обезбедивте сето ова, можете да пристапите кон поврзување на вашата машина за миење садови со водоводната, одводната и електричната инсталација. Прво, ослободете го цревото за вода од стегачот кој е прицврстен на апаратот. Немојте да ослободувате цревот за одвод. Тоа треба да остане прицврстено на апаратот, а со тоа спречувате отпадната вода да се враќа во апаратот.  

 

Поврзете го крајот на цревото за вода со водоснабдувањето (на посебна славина  или на двојната славина спомената погоре). Тоа треба да го направите со вртење на пластичната навртка со рака. Откако ќе се поврзе снабдувањето со вода, можете да пуштите вода од мрежата. 

 

Следно, што треба да направите е да го поврзете цревото за отпадна вода со канализацијата. Без разлика дали го поврзувате одводното црево на посебен излез или одводната цевка на мијалникот, висината на цревото мора да биде од 50 см до 100 см од земјата. 

 

Доколу во вашата кујна имате посебен излез за исфрлање на отпадната во да од машината за миење садови, можете едноставно да го турнете крајот на цревото во него. Крајот на цревото за отпадна вода треба да се турне во излезот на одвод за околу 12 см. 

 

Ако немате посебен излез за исфрлање на отпадната вода, тогаш поврзете го цревото за одводнување со цевката за отпадна вода на мијалникот. Тоа ќе го сторите така што  ќе го пронајдете сифонот монтиран на мијалникот,односно цевката со U отвор. На него, ќе најдете дополнителен влез во цевката за отпадни води. Ако претходнона тоа место била  инсталирана машина за миење садови и се користел овој метод за одводнување, веројатно веќе ќе има испуст поврзан со свиокот U. 

 

Ако инсталирате апарат за прв пат на оваа местоположба, можеби ќе треба сами да инсталирате испуст. Ова е прилично јасно. Едноставно, одвртете го заштитното капаче од дополнителниот влез и зашрафете ја задната цевка на своето место. Бидете сигурни дека ќе ги отстраните сите пластични делчиња  на испустот или на свиокот U.  

 

Сега можете да го поврзете цревото за отпадна вода  со задниот дел. Турнете го гумениот крај на отпадното црево над задниот дел, а потоа користете го металниот клип даден за да го зацврстите на место. 

 

Забелешка: Должината на отпадното црево подолга од 4 метри ќе влијае на кперформансите на чистење. 

 

 

 

Приклучете ја машината на електричната мрежа 

 

Откако сте ја приклучиле вашата машина за миење садови на водоводната мрежа и на канализационата мрежа, можете да пристапите кон приклучување на истата на електричната мрежа. Апаратот треба да се вклучи директно во штекерот со прекинувач поврзан на системот за прекинувачи на домот. 

 

Не користете и продолжен кабел или повеќенаменски приклучок. Ако кабелот за напојување е оштетен, не обидувајте се сами да го поправите или замените. Ова мора да го изврши овластен електричар. Потоа можете да го вклучите напојувањето.

 

Сега, кога сите потребни приклучоци се  воспоставени, можете машината да ја турнете наназад за да ја сместите на крајната  позиција. Проверете дали цревата и кабелот за напојување се слободни, односно дека нема да ги притиснете или потфатите при туркањето на апаратот наназад,за да се намести  на потребното место. 

 

Следно што треба да направите е, да ја нивелирате  машината користејќи либела. Ногарите кои се наоѓаат на долниот дел на машината можете да ги прилагодите рачно или да користите клуч со вртење на завртките на нозете. Доколку апаратот не е добро нивелиран, може да се разниша или да се движи за време на работата. 

 

 

 

Пред прва употреба 

 

Пред да го почнете да го користите вашиот апарат за прв пат, остануваат уште неколку работи што треба да ги направите.  

 

Прво, треба да ја прилагодите машината за миење садови соодветно на тврдоста на водата во вашиот регион. За точно да ја утврдите тврдоста на водата, можете да ја користите, можете да ја користите лентата наменета за тоа, која ја добивате при купување на вашиот апарат. 

 

Оставете ја водата од чешмата да истече една минута, а потоа наполнете чаша вода. Потопете ја лентата за утврдување на тврдоста на водата оставете ја една минута. Лентите за утврдување на тврдоста на водата може да се разликуваат меѓу себе, затоа проверете  го упатството за употреба за да можете правилно да ги прочитете податоците кои таа ви ги дава. Откако ќе ја утврдите тврдоста на водата, треба соодветно да го прилагодите вашиот апарат. 

 

Тоа треба да го направите и во внатрешноста на машината,но и преку контролната табла. Повторно, методот за ова прилагодубање може да варира во зависност од вашиот модел, затоа следете го упатството за употреба. Во вашиот  прирачник за употреба треба да е јасно  објаснето како треба да се намести поставката за утврдената тврдост на водата во вашиот регион. Само запомнете дека поставеноста за тврдост на водатавво внатрешнста на машината,мора да биде иста со поставеноста на контролната табла. 

 

Забелешка: Ако водата во вашиот ртегион е исклучително тврда,а, можеби ќе треба да користите филтер за вода. Погледнете го упатството за користење,за повеќе детали. Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на вашиот производ. 

 

Пред да го стартувате апаратот за прв пат, треба да додадете сол за миење садови и средство за плакнење. Во внатрешноста на апаратот, на дното, ќе го најдете резервоарот за сол. Извадете го капакот на резервоарот и внатре турете околу еден литар вода.  

 

Следно, користете инка за сол окоја ја добивате во комплет со машината, за да додадете сол, и тоа онолку колку што може да собере резервоарот. Кога резервоарот ќе се наполни со сол, водата ќе почне да се излева. 

 

Многу е важно е да се користи инката што ја добивате со самата машина, бидејќи солта која се користи во машина миење садови може да има корозивно влијание врз металните површини во внатрешноста на апаратот. Затоа потрудете се да ја отстраните истурената сол и вода од резервоарот за сол, односно да ја избришете со платнена крпа или кујнска хартија. 

 

Забелешка: Ако водата во вашиот регион е исклучително мека, можеби нема да треба да користите сол за миење садови. Погледнете го упатството за користење, за повеќе детали. 

 

Следно, наполнете го резервоарот за средство за плакнење, кој ќе го најдете покрај одделот за детергент. Свртете го капакот за да го ослободите капакот и истурете го средството за плакнење  додека резервоарот не се наполни. Ставете го капачето и завртете се додека не кликне на место. 

 

 

 

Време за тест-миење 

 

Сега кога вашиот апарат е инсталиран и поставен, време е да гоставите во употреба! 

 

Изберете кратка програма и стартувајте го апаратот празен и без детергент. Проверете дали има протекување, прекумерни вибрации или чудни звуци. Ако сте го следеле овој водич, тогаш сè треба да работи добро. Ако забележите какви било проблеми, најдобро е да побарате помош од овластен сервисер. 

 

Честитаме, штотуку ја инсталиравте вашата нова машина за миење садови Beko! Бидете сигурни дека знаете како правилно да ја наполните машината за миење садови или пак чпрочитајте во  упатството за употреба за да видите колку детергент треба да користите. Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на вашиот производ. 

 

 

 

Уживајте во користењето на вашиот нов апарат! 

 

 

Rather talk to someone?

Beko

Licensee limited to certain jurisdictions