Сè што треба да знаете за

Машина за миење садови

Статии

Најчесто поставувани прашања

Машините за миење садови Beko доаѓаат со одводно црево со должина од 1,5 м.

Вашата машина за миење садови треба да стои рамномерно и избалансирано на своите ногари за да функционира правилно. Обидете се да го занишате апаратот од една на друга страна, а потоа напред и назад. Ако премногу се тресе, тоа значи дека или е подот нерамен или пак ногарите не се добро наместени.

 

Користете либела за да ја проверите рамнотежата на апаратот. Ако либелата покажува дека апаратот не е рамномерно наместен, вртете ги навртките кои се наоѓаат на ногарите на долниот дел на машината( под апаратот) во насока на стрелките на часовникот или спротивно од стрелките на часовникот, сè додека не постигнете цврстина ,односно стабилност на машината во однос на подот. Стегнете ги сите навртки за заклучување повторно со рака.

Не се препорачува отворање на средината на циклусот на вратата на машината за миење садови. Ако го сторите тоа, во зависност од тоа во која фаза од програмата е машината за миење садови, топла вода или пареа ќе излезат од апаратот, што може да предизвика сериозни повреди. Најдобро е да не ја отворате вратата на машината за миење садови додека работи апаратот.

Средство за плакнење и сол за машини за миење садови се средства кои обезбедуваат најдобри перформанси за миење и сушење на садовите при употреба на вашата машина за миење садови. Солта за машина за миење садови се продава во грануларна форма и помага внатрешната единица за омекнување на водата во  вашата машина за миење садови да ја намали тврдоста на водата од чешма.

 

Следете ги насоките во упатството за употреба за да го измерите нивото на тврдост на водата од чешма. Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на вашиот производ.

 

Ако водата во вашиот регионе мека (<5dH), не користете сол бидејќи истата може да ја гребе или да ги кородира стаклените предмети. Ако водата во вашиот регион е тврда, се препорачува употреба на сол за миење садови.

 

Кога ќе се вклучи светлото кое ја покажува количината на сол во машината, тоа е знак дека е време резервоарот за сол да се наполни. Резервоарот за сол се наоѓа во внатрешноста на вашиот апарат, под  долната решетка за садови и лево од неа. За да пристапите до него, извлечете ја долната решетка и извадете го заштитното капаче на резервоарот за сол. Истурете ја солта додека не стигне до врвот на резервоарот, а потоа затворете го капачето.

 

Резервоарите за сол во машини за миење садови содржат вода, која, при дополнување на истиот со сол, може да се прелее во внатрешноста на машината. И солта, исто така, може да се истури во внатрешноста на апаратот при полнење на резервоарот за сол. Солта која че се истури во кадата за миење садови може да ги изгребе деликатните стаклени садови. За да ја намалите можноста солта да се истури, користете ја инката која ја добивате со купувањето на  вашата машина за миење садови „Beko“ кога истурате сол во резервоарот ипритоа заборавајте да ги избришете прелеаната вода и сол. Цврсто затворете го капакот на резервоарот откако ќе го наполните. Изберете програма за предперење или најкратка програма за да ги измиете остатоците од сол што може да се истуриат во внатрешноста на апаратот. Доколку не го направите тоа,гранулите на солта под капакот ќе се растворат за време на следното  миење и може да предизвикаат олабавување на капакот. Проверете го капакот на крајот од програмата и цврсто затворете го.

Средство за плакнење и сол за машини за миење садови се средства кои обезбедуваат најдобри перформанси за миење и сушење од вашата машина за миење садови. Средството за плакнење нја отстранува водата од од површината на садовите за време на последното плакнење и помага при процесот на сушење. Тоа спречува капки вода да се исушат на садовите и да остават траги од вода.

 

Кога ќе се вклучи светлото за средство за плакнење на вашата машина за миење садови, време е да го наполните. Резервоарот за средство за плакнење се наоѓа во внатрешноста на вратата на машината за миење садови, веднаш до резервоарот за детергент. Отворете го капакот на резервоарот, истурете го средството за плакнење додека не се наполни резервоарот и затворете го капакот.

Ако сакате вашата машина за миење садови да го заврши својот циклус подоцна, можете да го одложите почетокот на циклусот на миење или да поставите крајно време на завршување на  избраната програма на вашата машина за миење садови (во зависност од моделот на вашиот апарат). Ова е особено корисно ако трошоците за електрична енергија или вода се пониски во период на денот.

 

За да поставите одложена програма, вклучете ја машината за миење садови и изберете ја програмата заедно со сите дополнителни функции. Притиснете го копчето за одложување на времето за да го поставите времето  кога сакате вашиот апарат да започне со работа. Затворете ја вратата од вашиот апарат. Штом помине избраното време за одложено започнување со работа, избраната програма ќе започне автоматски да работи. Додека функцијата за одложувае на време е активна, нема да  можете да направите промени во програмата за миење, да поставите или исклучите  дополнителни функции или да го смените периодот на одложување.

 

За да ја откажете функцијата Одложување на времето, отворете ја вратата на машината за миење садови и држете ги копчињата Избор на програма / Откажи на програмата истовремено три секунди. Потоа затворете ја вратата од вашиот апарат и почекајте да заврши процесот на исфрлање на отпадна вода.

 

За повеќе информации, прочитајте го а нашиот водич за програмите и одликите за машини за миење садови Beko.

Бидете сигурни да користите детергенти специјално наменети за машини за миење садови. Постојат три вида на детергент за миење садови:

- Грануларни или детергенти во прав

- Таблети или гел пакувања

- Течни или гел детергенти

 

Не користете течност за рачно миење на садови, сапун за раце, белило, оцет или какви било други хемикалии под никакви околности бидејќи овие производи ја намалуваат ефикасноста на работата на машината за миење садови, предизвикуваат 'рѓа на металните садови, па дури може да го скратат и животниот век на вашиот апарат.

Проверете ги упатствата на производителот на одредени видови на садови пред да ги ставите истите во машина за миење садови. За жал, не сите садови ги имаат овие информации на нивните етикети.

 

Основно правило при миење во машина за садови е да избегнувате  ставање прибор што има лепливи делови, рачно обоени садови или порцелански предмети со златни или сребрени детали во машината за миење садови. Исто така, тенџериња и тави од алуминиум или обложени со алуминиум  може да предизвикаат корозија во на вашите стаклени садови кои ги миете во машината за миење садови.

 

Еве список на прибор заа готвење што треба да избегнувате да го миете во машина за миење садови:

- Леано железо

- Кристал

- Рачно резбано  и рачно насликано стакло

- Дрвени прибор

- Нелепливи тави

- Бакарни тави

- Мека пластика

- Алуминиумски прибор

- Алуминиум за еднократна употреба

- Позлатени садови

- Кристални чаши

- Сè што е лепено

- Кинески порцелан (рачно насликан или антиквитет)

- Рачно насликана керамика / производи од камен

general-cta-image

Ние сме тука за вас!

Без разлика дали ви треба совет за производот, дали отидовте да купите додатоци или едноставно сакате да дадете повратни информации - ние сме тука за вас.

+38925511777 electro-servis macedonia Понеделник - Петок 08:00 – 16:00 Сабота 09:00 – 15:00 Недела Затворена

Ви треба повеќе поддршка?

Најдете ЧПП, видео водичи, статии и повеќе.