Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

2 мин на читање

5 начини како да  ја направите вашата машина за миење садови поекономична?

5 начини како да ја направите вашата машина за миење садови поекономична?
5 начини како да ја направите вашата машина за миење садови поекономична?

 

 

Иако досега со сигурност е утврдено дека машината за  за миење садови е поефикасна  од миењето на садови на рака, сепак има неколку работи што можете да ги направите за да го користите вашиот апарат што е можно поекономично и побезбедно за  животната средина. Следете ги овие совети за да  заштедите пари и да ја заштитите животната средина. 

 

 

 

01.

Одете на најдобриот можен рејтинг за енергетска ефикасност 

 

Кога барате машина за миење садови, побарајте ја онаа со најдобар можен енергетски рејтинг . Апаратот А +++ може да биде поскап, но ќе ви заштеди пари на долг рок и ќе има помалку штетно  влијание врз околината. 

 

 

02.

Вклучете ја машината за миење садови тогаш кога е полна 

 

Почекајте вашата  машината за миење садови да биде целосно полна пред да  започнете циклусот на миење. Полупразен апарат користи иста количина на енергија и вода за да исчисти помалку садови, па затоа очигледно не е најефикасниот начин за миење на садови во машина.  

 

Ако ви требаат ден-два за да ја наполните машината за миење садови и ве загрижуваат мирисите во апаратот, можете да извршите краток циклус на плакнење за да ги освежите садовите. 

 

Сепак имајте во предвид дека правилното полнење на машината за миење садови е важно и во однос на ефикасноста на миењето, па затоа внимавајте да не го преоптоварувате апаратот. 

 

 

 

03.

Не ги плакнете претходно, туку само изгребете ги засушените остатоци од храна на садовите 

 

Многу сопственици на машини за миење садови имаат навика да ги исплакнат садовте и да ги стават практично чисти во  машината за миење садови. Ова е непотребно губење на вода бидејќи современите уреди се доволно моќни да ги уништат остатоците  од храна. Едноставно избришете ги сите остатоци и оставете ја машината за миење садови да го стори останатото.  

 

 

 

04.

Изберете ја соодветната програма 

 

Многу модерни машини за миење садови имаат „автоматски“ програми кои користат сензори за да откријат колку точно се валкани вашите садови. Потоа, тие можат да ја постават оптималната температура и количината на вода за миење. 

 

Ако вашиот апарат нема сензори, тој веројатно  има инсталирани стандардни и интензивни програми. Интензивните програми се одлични за многу валкани садови, но тие трошат повеќе електрична енергија и вода, затоа не ги користете за сдови коишто се малку извалкани.

 

Многу апарати исто така имаат програма „еко“, со која ќе се намали  потрошувачката на електрична енергија и вода за 25-30%. Овие програми предизвикуваат подолго време работење на машината и исплатливи се само тогаш кога машината за миење садови е полна. 

 

 

 

05.

Искористете го периодот кога тарифата на потрошувачка на електрична енергија е поефтина

 

Во многу земји се нудат енергетски тарифи за потрошувачка на  поевтина електрична енергија во одредени периоди од денот, обично во време во кое не е најгомлемата потрошувачка, па затоа внимавајте кога работите со машината за миење садови. Многу полесно ќе го користите периодот на ефтина тарифа доколку  вашиот апарат има функција за одложен почеток или тајмер. Доколку с епридржувате на овие совети, ќе заштедите енергија, но и потрошено време околу машината за миење садови. 

 

 

 

Вооружени со овие совети, ќе заштедите енергија, како и време со вашата машина за миење садови. 

 

Rather talk to someone?

Beko

Licensee limited to certain jurisdictions