Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

2 мин на читање

Како да ја транспортирате вашата машина за миење садови при преселба?

Како да ја транспортирате вашата машина за миење садови при преселба?
Како да ја транспортирате вашата машина за миење садови при преселба?

 

 

Нема дилема околу тоа дека преселувањето во нов дом е една од највозбудливите, но сепак стресни работи што ќе треба да ги направите, па затоа вреди да вложите малку повеќе време за да го направите тоа што е можно посигурно. 

 

Додека планирате и паковате се што треба да се пренесе во новиот дом, лесно е да се заборави дека вашата бела техника доаѓа со вас. Доколку сакате  да бидете сигурни дека овие апарати ќе се транспортираат безбедно и правилно, потребно е да потрошите малку време за нивна припрема. 

 

 

 

Подготовка

 

Пред се, треба да ја исклучите машината за миење садови од мрежата и да го исклучите снабдувањето со вода на апаратот.  

 

Следно, можете да го исклучите цревото за водоснабдување од водоводот. За да го направите ова, свртете ја навојната врска спротивно од стрелките на часовникот. Добра идеја е да ставите крпа под чешмата за водоснабдување и цревото, бидејќи може да има малку истекување на вода.  

 

Потоа, извадете го одводнотото црево од излезот на отпадна вода, повторно ставајќи крпа под него за да впие вода што истекува. Можете да ги завиткате краевите на цревата за водоснабдување и отпадна вода со крпи за да го впиете вишокот вода што може да истекува при движење на машината за миење садови.  

 

Избришете ја  вашата машина за миење садови пред да ја преместите. За повеќе совети за чистење на апаратите, прочитајте го нашиот водич како да ја исчистите машината за миење садови. 

 

Обидете се да ја оставите вратата од машината за миење садови отворена најмалку 24 часа за да се ослободите од целата влага. 

 

 

 

Преместување 

 

Сега можете да ја извлечета машината за миење садови надвор од нејзиното првобитно место.Ако ја преместувате вашата машина сами,водете сметка дека тоа е еден многу тежок апарат,па затоа ќе ви треба помош од друго лице, особено ако го поместувате апаратот горе или долу по скалите. 

 

Откако ќе ја извлечете машината, наместете ги кабелот за електрична енергија и цревата цревата за водоснабдување и отпадна вода во нивните лежишта на задниот дел на апаратот. Затворете ја вратата и прицврстете ја со самолеплива лента или  или јаже. Доколку сте во можност, завиткајте го апаратот во фолија со меурчиња, ќебе или нешто друго што ќе ги апсорбира ударите што може да ги претрпи при движење. Обезбедете го апаратот на количката или камионот со кој се транспортира со појаки јажиња. Машините за миење садови најдобро се транспортираат легнати на грб, со вратата свртена нагоре. 

 

 

 

Преместување и инсталирање 

 

Откако апаратот ќе се стигне безбедно во вашата нова кујна или помошна просторија, овој мал водич ќе ве потсети како да ја инсталирате истата. 

 

 

 

Упатство за монтирање на вградна машина за садови 

 

Преместувањето на вградените апарати е малку покомплицирано бидејќи прво ќе треба да ги извадите старите врати на апаратот. Секогаш проверувајте со упатството за употреба и упатството за инсталација каде ќе се потсетите на деталите за тоа како да го направите ова.  

 

Ако сте сопственик на машина за садови Beko, можете да го преземете вашиот прирачник за употреба тука, користејќи го бројот на моделот на вашиот производ. 

 

 

Rather talk to someone?