Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

4 мин на читање

Како правилно да ја наполните машината за миење садови?

Како правилно да ја наполните машината за миење садови?
Како правилно да ја наполните машината за миење садови?

 

 

Вашата машина за миење садови можеби е само ваш најдобар пријател во кујната, но за да бидете сигурни дека го дава најдоброто од себе, треба правилно да ја наполните. Преоптоварувањето или неправилното полнење може значително да ги намалат перформансите за чистење, па затоа оставете го ова упатство да ве однесе во најдобриот пристап за полнење на машината за миење садови.  

 

 

 

Пред да се наполни 

 

Постои вообичаена заблуда дека треба темелно да ги исплакнете садовите и прибор за јадење пред да ги ставите во машината за миење садови, што наведува некои да помислат дека можеби и самите ќе си ги измијат садовите. 

 

Освен тоа што се поекономични при потрошувачка на вода и електрична енергија отколку при миењето на рака, машините за миење садови не бараат чистење на садовите пред да се стават внатре. Едноставно избришете ги остатоците и големите парчиња храна, а за останатото ќе се погрижи вашиот апарат.  

 

Секогаш треба да погледнете во внатрешноста на вашата машината за миење садови пред да ја наполните, само за да бидете сигурни дека ниеден предмет не паднал во кадата за миење садови за време на претходниот циклус. 

 

 

Правам-не правам 

 

Некои луѓе полнењето на машината го нарекуваат уметност. Но сепак, постојат две основни правила за правилно полнење на машина за миење садови. 

 

1. Ставете сè свртено кон средината и 

2. Не дозволувајте работите да се допираат (колку што можете повеќе)

 

Може да додадеме трето правило „не преполнувај“, но тоа правило е содржано во второто. Овие две едноставни правила треба да ви преминат во секојдневна рутина и да ве ослободат околу тоат дека секој предмет во машината за миење садови има еднаква изложеност на вода и дека нивните површини се свртени кон правецот на прскање вода. 

 

 

 

Полнење на горната решетка  

 

Горната решетка се полни со чаши, филџани, шољи и мали чинии. Поставете ги овие предмети наопаку долж двете страни на решетката за да може водата да влезе внатре.

 

Горниот решетка често има издадени делови нагоре (долгите, тенки штипки за да ги држите предметите во превртена положба) за мали чинии. Осигурете се дека садовите кои се наредени во предниот дел се свртени со лицето наназад,а оние кои се наредени во задниот дел, се свртени со лицето нанапред. Ова осигурува дека внатрешните површини на садовите се изложени на проток на вода. 

 

Избегнувајте преполнување, што во основа значи блокирање на доток на вода од перките за прскање до некој сад или замаглување на некоја површина недостапност до перките за прскање. Сите садови треба да бидат убаво и естетски наредени во решетката, не премногу лабаво(затоашто ќе се движат надолу) ниту пак премногу стегнато (бидејќи може да крцкаат или да пукаат). 

 

Може да ставите мали или средни тенџериња и тави на горната решетка, но секако проверете дали се свртени надолу. На вашата горна решетка може да има решетка за прибор што се преклопува од страна. Поставете шпатули, лопатки и други долги алатки овде, проверете дали сите со својата вдлабната површина се свртени надолу. Ако вашата машина за миење садови нема решетка за такви садови, едноставно истите поставете ги помеѓу чашите на горната решетка. Сепак запомнете, дрвените прибор и добрите кујнски ножеви никогаш не треба да одат во машина за миење садови.  

 

 

 

Користење на корпа за прибор за јадење 

 

Постојат неколку точки што треба да се разгледаат кога станува збор за полнење на корпата за прибор за јадење. Прво, бидете свесни дека нерѓосувачки челик и сребро можат да реагираат во машината за миење садови и да предизвикаат оштетување на сребрените садови. Проверете дали се наоѓаат на спротивните краеви на корпата за прибор за јадење. 

 

Не групирајте ист вид прибор за јадење - измешајте го! Прибор за јадење од ист тип има тенденција да се „гнезди“, особено лажиците. Ова значи дека водата не може да стигне до сите површини на предметите.  

 

Еден сигурен начин да се избегне ова е да се користат процепите во капаците што се преклопуваат над повеќето корпи за прибор за јадење. Слабата страна овде е во тоа што треба да се наведнувате и е потребно подолго време за да се ја наполните  и испразните корпата со вашиот прибор за јадење. 

 

И, конечно, ножевите одат со главата надолу! За сигурност, поставете ги ножевите со сечилата свртени надолу а рачките нагоре.

 

 

 

Флексибилни решетки 

 

Современите машини за миење садови нудат разни дополнителни решетки и решенија за флексибилност. Лизгачката трета решетка за прибор за јадење станува сè попопуларна во корист на тоа што отвора простор на долната корпа. Технологиите како FlexiDrawer™ додаваат дополнителна флексибилност при полнење на машината за миење садови. 

 

 

 

Полнење на долната решетка 

 

На долната решетка се редат вашите поголеми чинии и, како и поголеми тенџериња и тави. Честопати,во текот на редењето, имате потреба од  комбинирање на садови. Тавите и тенџерињата треба да бидат поставени така што да бидат свртени кон средината на машината за миење садови, што осигурува дека се правилно изложени на перките за прскање. Користете ги испакнатите испусти на долната решетка за да ги поставите правилно.

 

Ако вашата долна решетка има преклопни решетки, истите може да бидат корисни за да ослободите простор за незгодни предмети како големи тенџериња  и тави. Повторно, проверете дали внатрешните површини на овие садови се свртени кон перката за прскање.

 

Конечно, сите големи, рамни предмети како што се даски за сецкање или послужавници треба да се наместат на страничниот дел од решетката, за да не ја пречат работата на перките  за прскање.  

 

 

 

Значи, сега кога правилно ја наполнивте машината за миење садови, можете да додатете  детергент, да ја изберете програмата и убаво да се одморите додека апаратот се грижи за целата таа напорна работа за вас!  

 

 

Rather talk to someone?

Beko

Licensee limited to certain jurisdictions