Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

3 мин на читање

11 работи за кои не сте знаеле дека можете да ги миете во машина за миење садови

11 работи за кои не сте знаеле дека можете да ги миете во машина за миење садови
11 работи за кои не сте знаеле дека можете да ги миете во машина за миење садови

 

 

 

Сите знаеме дека вашата машина за миење садови е суперхерој во кујната кога станува збор за чистење на чиниите,приборот за јадење и садовите за готвење, а вас ве држи подалеку од мијалникот! Но, има цела низа други работи што можете да ги ставите во вашата машина за миење садови, за кои можеби никогаш не сте помислиле. Нека овој напис ве инспирира да користите машина за миење садови како никогаш порано. 

 

 

 

01.

Алатки за чистење 

 

Лесно е да се заборави дека работите што ги користите за чистење треба сами да се исчистат! Четки за прав, пластични четки, додатоци за правосмукалка - сите тие можат да одат во машина за миење садови. Отстранете ја целата вишок прашина и влакна пред да ги ставите и проверете дали се поставени безбедно.Помалите предмети можете да ги ставите во мрежеста торба и да ги сместите на горната решетка. Не ја користете програмата за сушење бидејќи топлината може да ја искриви пластиката. 

 

 

 

02.

Кујнски сунѓери и крпи за садови

 

Сунѓерите и крпите за садови со редовно користење добиваат темна боја. Но доколку ги ставите во машина за миење садови, набрзо ќе бидат као нови. Само ставете ги во корпата за прибор за јадење и стартувајте ја програмата со највисока температура. 

 

 

 

03.

Четки за коса, чешли и ленти за на глава 

 

Доколку поседувате четки за коса и чешли кои се од цврса пластика и изгледаат дек можат да издржат висока температура,слободно ставете ги во машината за миење садови. Најпрво отстранете ги сите влакна.Четките од природни влакна и со дрвени рачки држете ги подалеку од мажината за миење садови. 

 

 

04.

Решетки од вентилатор 

 

Решетките од вентилатори  можат да станат многу темни, извалкани, а многу незгодни за миење на ракаа. За среќа, машината за миење садови е совршена за да ги направите истите совршено чисти. Исто и маските за штекери може да се најдат таму. Само запомнете дека емајлираните или насликани решетки се само за миење на рака. 

 

 

 

05.

Држачи на тави за готвење, решетки за горилникот и контролни копчиња 

 

Вашата плоча за готвење е најмногу изложена на валкање, а маснотиите и изгорената храна може да се соберат на тешко достапни места по само неколку употреби. Можете слободно да  ги ставите металните делови од вашиот шпорет во машината за миење садови. По нивното миење на тој начин тие ќе изгледаат чисто и хигиенски. 

 

 

 

06.

Пластични играчки  

Сигурно сте загрижени за тоа колку се чисти играчките на вашите деца, но можеби не сте помислиле дека вашата машина за миење садови може да помогне во околу тоа. Ставете ги играчките  во мрежеста торба за алишта исмесете ги на горната решетка. 

 

 

 

07.

Микробранова плоча 

 

Стаклената платформа на која ставате храна во вашата микробранова печка, може леснио да се извалка, доколку на неа се истури некаква течносткаква било течност или сосови што ќе зовријат за време на готвењето, па затоа понекогаш ќе треба темелно да ја исчистите. Само ставете ја на долната решетка како нормална чинија, и по миењето ќе биде чиста како нова. 

 

 

 

08.

Пластични и гумени чевли, чизми и влечки  

 

Ако можете да ги носите на дожд, тогаш можете да ги миете во машина за миење садови! Осигурете се дека сте ги отстраниле сите влошки или текстилни облоги и прескокнете ја програмата за сушење. Ако малку се двоумите дали е во ред на миете валканите чевли на истото место каде што миете чинии, можете да пуштите програма за самочистење на машината,пред повторно да ја наполните со садови. 

 

 

09.

Стаклени светлосни тела

 

Стаклените тела можат да станат правливи и мрсни, особено во кујната. Затоа истите може да ги измиете во машина за миење садови, прескокнувајќи ја програмата за сушење. Се разбира, тие предмети се скапи или многу чувствителни, најдобро е рачно да ги измиете.  

 

 

 

10.

Бејзбол капачиња 

 

Бејзбол капачињата можат да ја изгубат својата форма во машината за перење, но миењето во машината за миење садови може убаво да ги освежи. Прицврстете ги  со гумена лента на горната решетка и стартувајте ја програма без детергент. 

 

 

 

11.

Филтри за маснотии на аспираторот 

 

Да, добро прочитавтеа. Тој мрсен филтер од кујнскиот аспиратор може да влезе во машината за миење садови и ефикасно да се одмасти на висока температура. Само проверете дали филтерот е целосно сув пред повторно да го инсталирате. 

 

 

Rather talk to someone?