Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

3 мин на читање

Како да се спречи гребење на садовите во машината за миење садови?

Како да се спречи гребење на садовите во машината за миење садови?
Како да се спречи гребење на садовите во машината за миење садови?

 

 

Одредени видови на садови се подложни на гребење во машината за миење садови. 

 

Кујнски прибор што содржи или е направен од алуминиум може да  кородира во машината за миење садови. Некои деликатни стаклени садови или садови од порцелан не се треба да се мијат во машина  за миење садови. Проверете ги упатствата за миење на вакви предмети за да видите дали се безбедни во машината за  миење садови. За други предмети, проверете дали некој од следниве случаи ќе биде решение за вашиот проблем. 

 

Проверете го нивото на тврдост на водата и соодветно користете сол за машина за миење садови 

 

 

 

Проверете го нивото на тврдост на водата и соодветно користете сол за машина за миење садови 

 

Солта за миење садови и помага на внатрешната омекнувачка единица на вашиот апарат да ја намали тврдоста на водата од водоводната мрежа. Ако снабдувањето со вода ви е меко (<5dH), не користете сол бидејќи може да ја гребе или да ја кородира стакларијата. 

 

Следете ги упатствата  за употреба за да го измерите нивото на тврдост на водата од впдпводната мрежа. Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на модел на вашиот производ.   

 

 

 

Внимавајте да не истурате сол за машина за миење садови во нејзината внатрешност 

 

Резервоарите за сол во машини за миење садови содржат вода, којаштоа може да се прелее во машината кога ќе го наполните резервоарот со сол. Солта исто така може да се истури во внатрешноста на апаратот при полнење на резервоарот. Солта во кадата за миење садови може даги оштети, односно да ги изгребе стаклените предмети. 

 

За да го спречите истурањето на сол, користете ја инката која ја добивате во комплет со вашата машина за миење садови „Beko“ кога истурате сол во резервоарот и не заборавајте да ги избришете прелеаната водаи и истурената сол. Откако ќе го наполните резервоаротр со сол,цврсто затворете го капакот. 

 

Изберете програма за предперење илинекоја друга кратка програма за да ја измиете солта што се истурила во внатрешноста на апаратот. Гранулите на солта под капакот ќе се растворат за време на наредното  миење и може да предизвикаат олабавување на капакот. Проверете го капакот на крајот од програмата и цврсто затворете го. 

 

 

 

Осигурете се дека поставувањето на апаратот аналогно на тврдоста на водата е соодветно 

 

Тврдата вода исто така може да предизвика гребење на садовите. Вашата машина за миење садови има поставување на тврдост на вода што треба да ја прилагодите според тврдоста на водата од чешма. 

 

Следете ги упатствата  за употреба за да ја одредите точната поставка. Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на вашиот производ.

 

Машините за миење садови Beko со Auto GlassShield® имаат сензори кои ја одредуваат тврдоста на водата од чешма и автоматски ја прилагодуваат поставката на тврдоста на водата. 

 

 

 

Проверете дали апаратот е правилно наполнет 

 

Често се случува  погрешно да ја наполниме машината за миење  садовите или пак да ја преполниме истата. Проверете дали сите ваши садови се правилно наведнати  и дека не се допираат едни со други или пак не ги допираат подвижните делови од машината за миење садови. Погледнете го нашиот водич за тоа како да иа наполните машина за миење садови за повеќе информации. 

 

Ако не ги наредите правилно садовите, може да се случи водата којашто доаѓа во машината за време на циклусот на миење, може да предизвика садовите да се удираат меѓусебно, да се гребат или дури и да се скршат едни со други. 

 

 

 

Избегнувајте да користите премногу детергент 

 

Користењето премногу детергент не мора да значи дека вашите садови ќе се исчистат подобро. Ако го преполните диспензерот, остатоците од детергентот може да ја изгребат глазурата на садовите. Секогаш земајте ги предвид обележувањата на нивото и не ги надминувајте. 

 

 

 

Избегнувајте употреба на несоодветен детергент и други производи 

 

Бидете сигурни да користите детергенти, средство за плакнење и сол што се наменети за машини за миење садови. Не користете течност за миење садови, сапун за раце, белило, оцет или какви било други хемикалии под никакви околности бидејќи овие производи ја намалуваат работата на машината за миење садови, предизвикуваат 'рѓа на металните делови, па дури може да го скратат и животниот век на вашиот апарат.  

 

 

Rather talk to someone?