Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

3 мин на читање

Како да се спречи собирање на алиштата во процесот на перење и сушење?

Како да се спречи собирање на алиштата во процесот на перење и сушење?
Како да се спречи собирање на алиштата во процесот на перење и сушење?

 

 

Ова им се случува на сите. Од невнимание сте ставиле волнен џемпер или фармерки со еластин во машина за перење алишта или во машина за сушење алишта и облеката се собира до детска големина. Можеби можете да ја спасите облеката со истегнување, но тоа повеќе не би било истото парче облека. Придржувајте се кон долунаведените насоки, за повеќе да не Ви се случи да уништите уште некој џемпер, тренерка или маица. 

 

 

 

Зошто облеката се собира 

 

Облеката се шие од памучни,волнени или синтетички ткаенини, добиени со растегнување на влакната. Топлината, водата и третирањето на облеката со вртењето на барабанот, имаат влијание на попуштањето на тие влакна. Спрема тоа, ако облеката ја ставите на преголема температура при перење или сушење, овие влакна ќе попуштат. А кога Вашата омилена облека ќе се смали за 3 броеви, тоа ќе биде лекција која скапо се плаќа. 

 

 

 

Што можете да направите за да го спречите собирањето

 

До собирање на облеката доаѓа при изложување на истата на топлина и течност, како и при третирање на облеката,што значи дека облеката може да се собере и при перење и при сушење.Според тоа,земете ги во предвид следните препораки за повеќе никогаш да не ви се случи да ја уништите Вашата омилена облека. 

 

 

 

Чекор 1: Распоредување на облеката 

 

На етикетата се наоѓаат сите информации кои Ви се потребни за правилно перење и сушење. На етикетата е објаснет начинот на перење и сушење, како можете, а како не можете да ја третирате. Единствен проблем е тоа што овие информации се претставени во форма на симболи кои не се секогаш лесно разбирливи. Овој водич може да Ви помогне да ги разберете тие симболи на етикетите,а кога тоа ќе го направите, ќе се грижите за Вашата облека како професионалец. 

 

Една од најбитните информации на етикетата е температурата на која облеката се пере и суши. Ако сакате да бидете особено внимателни со некои парчиња облека, перете ги и сушете ги на пониска температура, на пример од 30 степени Целзиусови. Меѓутоа собирањето може да се случи и на пониски температури, но многу помалку. 

 

На етикетата исто така можете да најдете и ознака „не се собира“. Тоа значи дека тоа парче облека е фабрички собрано и не би требало да се собере после перење и сушење. 

 

 

 

Чекор 2: Сортирање на облеката 

 

Сортирањето на алиштата по боја и температура на перење би требало да Ви премине во редовна рутина,за да  спречите собирање на облеката. Исто така,не заборавајте дека машината за перење и машината за сушење на алишта имаат специјални програми за определени ткаенини, како на пример програма за тексас. Сортирајте ги алиштата на правилен начин кога користите програма за одредени типови на облека.повеќе совети за перење и сушење на алишта побарајте во нашиот водич за правилно полнење на машината за перење и машината за сушење алишта.

 

 

Чекор 3: Изберете соодветна програма 

 

Покрај соодветната програма, важно е да се избере и соодветна температура бидејќи некои програми автоматски ја прилагодуваат температурата на перење.

 

На пример, ако перете волнена облека, задолжително одберете ја програмата за волна, доколку ја има на Вашата машина за перење алишта. При користење на оваа програма, се намалува температурата на перење, како и брзината на центрифугирање, а резултатот е нежно перење со помало собирање.

Друга варијанта е рачно перење, што може да биде и назначено на етикетата за нега на облека. Ова е секако најсигурниот начин на перење, но во исто време и најтежок. 

 

 

 

Чекор 4: Бидете внимателни кога е во прашање сушењето 

 

Повторно потенцираме да не заборавите да ја погледнете етикетата. Ако на неа стои дека парчето облека не треба да се суши во машина,немојте за ризикувате. Но, ако на етикетата е наведено дека парчето облека може да се суши во машина, одберете ја соодветната температура. Ако одберете висока температура за сушење на алишта која би требало да се суши на пониска температура, облеката најверојатно ќе се собере. Исто така, ако Вашата машина за сушење алишта поседува програми за определени ткаенини, секако користете ги. 

 

 

Rather talk to someone?