Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

2 мин на читање

Како да се транспортира машината за перење на алишта при преселба?

Како да се транспортира машината за перење на алишта при преселба?
Како да се транспортира машината за перење на алишта при преселба?

 

 

Општо е познато дека преселбата е едно од највозбудливите животни доживувања,но и едно од најстресните,така да треба да се вложи малку време за да можете истата да ја направите што е можно поедноставна и поефикасна. 

 

Додека се пакувате и планирате што ќе понесете со себе, лесно се заборава на белата техника. Морате да се погрижите белата техника да се транспортира безбедно и на исправен начин, а за тоа е потребно малку повеќе планирање. Овај практичен водич ќе Ве поучи на што сé треба да обрнете внимание при подготвувањето на домашните апарати за преселба. 

 

 

 

Подготовка

 

Пред да направите било што друго, треба да ја исклучите машината за перење алишта од електричното напојување и да ја исклучите славината од водоводната мрежа. Потоа можете да го откачите цревото oд цревото за довод на вода од славината. За да го направите тоа, завртете ја спојувалката со навој во насока спротивна од движењето на стрелките на часовникот. 

 

Ви препорачуваме да ставите крпа под славината и под цревото за довод на вода, во случај да истече малку вода од славината. Потоа извадете го цревото за одвод на отпадната вода и повторно ставете крпа под него, за да ја впие евентуално истечената вода. Можете со крпа да ги завиткате краевите на цревото за довод на вода и на цревото за отпадна вода за да ја впијат водата која би можела да истече при транспортот на машината за перење алишта.  

 

Внимавајте внатрешноста на машината да биде чиста и сува. Уверете се дека во фиоката за детергент нема заостанат детергент, дека во филтерот нема нечистотија и дека внатрешноста е потполно сува. За повеќе информации за чистење на машината прочитајте го нашиот водич за чистење на машината за перење на алишта.  

 

Обидете се да ја оставите вратата на машината за перење отворена најмалку 24 часа за да се ослободите од целата влага внатре. 

 

 

Транспорт 

 

Сега можете да ја преместите машината за перење алишта до нејзиното место; закачете го кабелот за електрична енергија, доводното и одводното црево на задната страна од машината. Ако сами ја транспортирате машината за перење алишта, не заборавајте дека се работи за доста тежок апарат и дека ќе Ви треба нечија помош, посебно ако ја слегувате или качувате машината по скали. 

 

Вратата можете да ја затворите и да ја прицврстите со самолеплива лента или со врвца. Најдобро би било машината да се завитка во фолија со воздушни заштитни меурчиња, во ќебе или во нешто друго што би можело да ги амортизира евентуалните удари за време на транспортот. Прицврстете ја машината на количката или на камионот со кој ја транспортирате, користејќи цврсто јаже. 

 

 

 

Преселба и монтажа

 

Кога машината безбедно ќе пристигне во новата бања или друго за неа определено место, следете го нашиот водач за повторно инсталирање на машината за перење алишта. 

 

 

 

Напомена за вградните апарати 

 

Транспортот на вградните апарати е за нијанса покомплициран бидејќи прво морате да ја одделите вратата од машината.Подетални упатства за тоа секогаш побарајте во упатствата за употреба и инсталација. 

 

 

Ако сте сопственик на Beko машина, можете да го преземете упатството за употреба овде, така што ќе го внесете бројот на модел на производот. 

 

 

Rather talk to someone?