Постојат неколку причини зошто пеглата протекува. Погледнете дали нешто од наведеното ќе го реши проблемот.
Преверете дали капачето за полнење вода е добро затворено
Водата може да се истури под тој капак ако не е правилно затворен. Турнете го капачето додека не кликне пред да ја користите пеглата.
Не преполнувајте го резервоарот
Преполнувањето на резервоарот за вода може да предизвика истекување од пеглата. Не надминувајте ја граница MAX означена на резервоарот.
Проверете ја поставката за температура
Пеглата може да протекува ако поставената температура е премногу ниска. Пеглата треба да биде доволно жешка за да ја претвори водата во пареа. Оставете пеглата да се загрее неколку минути пред да ја користите.
Погледајте го упатстватао за ракување и проверете дали сте ја поставиле пеглата на температура доволно висока за да создаде пареа. Ако не можете да го пронајдете упатството, преземете го тука со внесување на бројот на моделот на производот.
Во пеглата ставете вода од чешма
Во пегла ставете само вода од чешма. Вашиот уред не е дизајниран за употреба со вода за пиење или дестилирана вода. Ако водата од чешма е премногу тврда, користете мешавина од вода од чешма и вода за пиење.
Не ставајте парфем, оцет или други течности во резервоарот за вода. Тие можат да предизвикаат сериозно оштетување на пеглата или гардеробата.
Исчистете го резервоарот за вода и дупките за пареа
Бигор може да се акумулира во резервоарот за вода со текот на времето и да предизвика истекување на вода од пеглата. Наполнете го резервоарот со вода од чешма до максимално ниво, а потоа вклучете ја пеглата. Оставете ја функцијата на пареа да работи додека не излезе целата вода. Често птитискајте го копчето за посилна пареа за да излезе водата побрзо. Ова ќе ги отстрани останатите честички.
Изведете ја оваа постапка двапати и пеглата ќе биде подготвена за употреба.
Исчистете ја подлогата
Бигорот или нечистотијата може да се акумулираат на подлогата со текот на времето и да предизвикаат протекување вода од пеглата.
Ако наслагите не се јаки, избришете ја површината со крпа која сте ја натопиле во вода или оцет и сте ја исцедиле. Во водата можете да додадете неколку капки сјај за садови. Поставете ја пеглата на најниска температура и почекајте да се загрее.
Исклучете го уредот и избришете ја површината со влажна крпа за да ја отстраните нечистотијата или бигорот. Бидете внимателни и не ја допирајте површината директно со вашите раце. Почекајте пеглата да се исуши пред да ја користите повторно.
Ако ова не успее, поставете ја пеглата на највисока температура и почекајте да се загрее. Исклучете ја функцијата за пареа и испеглајте на хартија или хартиени крпи за да ги отстраните нечистотијата или бигорот.
Не користете абразивни детергенти или средства за чистење, како што се метални жици за миење садови, бидејќи тие ќе ја истрошат и ќе ја изгребат површината на пеглата.
Користење на функцијата за самочистење
Многу Beko парни станици имаат функција за самочистење, што ги отстранува честичките од бигорот што се акумулираат со текот на времето. Користете ја оваа функција на секои 2 до 3 недели. Ако водата од чешма е многу тврда или ако видите честички од бигор да паѓаат од подлогата, користете ја оваа функција почесто. Ова ќе го продолжи векот на траење на пеглата.
Додадете вода во пеглата, вклучете ја и почекајте да се загрее. Кога ќе се вклучи индикаторското светло од термостатот, извадете ја пеглата од струја. Држете ја пеглата над мијалникот / лавабото и тресете ја држејќи го копчето за отстранување на бигор. Продолжете додека не излезе целата вода, а потоа ослободете го копчето. Овој процес може да трае неколку минути.
Почекајте пеглата да се излади во исправена положба. Избришете ја подлогата со крпа.