Постојат неколку причини зошто водата од електричниот бокал за вода има непријатен мирис или вкус. Погледнете дали нешто од следново може да го реши проблемот.
Погрижете се да користите вода за пиење или дестилирана вода
Вашиот електричен бокал за вода е направен само за вриење на вода за пиење или дестилирана вода. електричен бокал не смеете да го користите за други течности.
Проверете дали има наслаги од бигор
Со тек на време, во внатрешноста на електричниот бокал се насобира бигор.
За да го исчистите бигорот од електричниот бокал, наполнете го со вода до ниво MAX и зоврете ја водата. Кога вашиот електрилен бокал за вода ќе се исклучи, исклучете го од струја. Додадете две чаши оцет или една лажица лимонска сол во зовриена вода. Оставете го растворот во електричниот бокал неколку часа. Потоа истресете го и темелно измијте ја внатрешноста на уредот. Наполнете го електричниот бокал со чиста вода и оставете го да зоврие. Испразнете го електричниот бокал и исплакнете го повторно со вода.
Можете да ги повторите овие чекори ако има уште наслаги од бигор. Можете исто така да користите средства за отстранување на бигор. Потрудете се да ги следите упатствата на пакувањето.