Ви треба повеќе поддршка?
Најдете ЧПП, видео водичи, статии и повеќе.
Ви е потребна инспирација?
Фрижидери во американски стил со замрзнувач Како да поставите машина за перење алишта Eat Like A Pro рецептиНе е најден ниту еден резултат!
Сè што треба да знаете за
Ми треба помош со
Сите фрижидери работат оптимално во одреден температурен опсег на околината. Овие опсези се нарекуваат климатски класи. Вашиот фрижидер ќе биде помалку ефикасен на место кое е премногу топло или премногу ладно за предвидените граници на толеранција. Трите климатски класи и нивните температурни опсези се како што следува:
- Sub Normal SN (Проширена умерена клима) +10 °C дo +32 °C
- Normal N (Умерена клима) +16 °C дo +32 °C
- Sub Tropical ST (Суптропска клима) +18 °C дo +38 °C
- Tropical T (Тропска клима) +16 °C дo +43 °C
Некои фрижидери Beko можат да работат на пониски температури од онаа што одговара на климатската класа во која се класифицирани. За да ја видите најниската температура на која може да работи вашиот Beko фрижидер, видете го упатството за употреба. Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на вашиот производ.
Фрижидерите со функција no-frost не треба рачно да се одмрзнуваат. Ако вашиот фрижидер нема функција no-frost, мора редовно да го одмрзнувате.
Проверете дали има мраз во одделот за замрзнувач. Ако мразот е видлив на внатрешните sидови, вашиот уред може да работи повеќе отколку што е потребно за да ја достигне или задржи потребната температура. Во овој случај, мора рачно да го одмрзнете одделот за замрзнување.
Препорачуваме да го одмрзнувате одделот за замрзнување во вашиот фрижидер барем еднаш месечно или кога на него се насобрал слој од мраз дебел околу 0,5 сантиметри.
За повеќе информации за одмрзнување на замрзнувачот, видете го упатството за употреба. Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на вашиот производ.
Комбинираните ладилници Beko со технологија 3 Zone No Frost и NeoFrost Dual Cooling™ (двојно ладење) спречуваат собирање на мраз, затоа нема да мора рачно да го одмрзнувате уредот. Имајте на ум дека вашиот уред ќе работи подолго кога ја користите функцијата за автоматско отстранување на мраз.
Пред да започнете, проверете дали фрижидерот е исклучен, и дали полиците на вратата се празни. Во зависност од моделот, можете или да ги олабавите завртките на горната шарка, а потоа да ги затегнете при прилагодување во соодветната положба, или да ги користите навртките и завртките за прилагодување што се наоѓаат во вратата.
За да ја поставете вратата вертикално, олабавете ја навртката за прицврстување што се наоѓа на дното. Затегнете ја навртката во зависност од положбата на врата. На крај, затегнете ја навртката за прицврстување до крајната положба.
За да ја поставите вратата хоризонтално, олабавете ја завртката за прицврстување на горниот дел. Затегнете ја завртката за прицврстување на соодветната страна, во зависност од положбата на вратата. Затегнете ја завртката за прицврстување на горниот дел до крајната положба.
За повеќе информации за израмнување на вратата на ладилникот, видете во упатството за корисник. Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на вашиот производ.
Идеални температури на фрижидерот се 4 °C или 5 °C за ладилникот и -18 °C за одделот за замрзнување.
Најдобар начин да ја проверите внатрешната температурата во вашиот уред е прецизен термометар. Ставете го термометарот во чаша вода и ставете го во преградата на фрижидерот.
За да ги проверите температурите на замрзнувачот, сторете го истото со термометар во алкохол или масло за јадење (бидејќи водата ќе замрзне).
Кога вратата на ладилникот е отворена, жежок и топол воздух од околината се меша со ладниот и сув воздух внатре. Затоа, водената пареа се кондензира во топол воздух и потоа се замрзнува на внатрешните sидови на одделот за замрзнување. Поради акумулацијата на мраз во замрзнувачот, фрижидерот ќе работи подолго, а неговите перформанси ќе бидат послаби.
За да го одмрзнете, исклучете го приклучокот за струја од штекерот. Во замрзнувачот ставете садови и неколку крпи каде што се собира водата од топениот мраз. Оставете ја вратата на замрзнувачот отворена. Можете да го забрзате процесот со поставување на сад со топла вода во замрзнувачот.
Комбинираните ладилници Beko со технологија 3 Zone No Frost и NeoFrost Dual Cooling™ (двојно ладење) спречуваат собирање на мраз, затоа нема да мора рачно да го одмрзнувате уредот. Имајте на ум дека вашиот уред ќе работи подолго кога ја користите функцијата за автоматско одмрзнување.
Најдобар начин да ја зачувате храната за време на прекин на електрична енергија е да ја оставите во фрижидер и да не ја отворате вратата.
Фрижидерите Beko се дизајнирани да ја чуваат храната замрзната од 10 до 18 часа, во случај на прекин на струјата. Тоа е многу подолго отколку што би можеле да постигнете користејќи други методи, како на пример торби за ладење. Отворете ја вратата што е можно помалку кога ова ќе се случи.
Информации за тоа колку долго вашиот фрижидер може да ја задржи замрзната храна, може да се најдат во упатството за употреба. Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на вашиот производ.
Ако прекинот на струја трае подолго од одреденото време, запомнете дека одмрзнатата храна не смее повторно да се замрзнува.
Без разлика дали ви треба совет за производот, дали отидовте да купите додатоци или едноставно сакате да дадете повратни информации - ние сме тука за вас.
+389 02 51 02 485 Понеделник - Петок 09:00 – 17:00Најдете ЧПП, видео водичи, статии и повеќе.