Користењето на садови од не’рѓосувачки челик во вашиот апарат може да додаде елеганција во Вашата кујна, но може да биде незгодно нивното чистење. Без разлика дали станува збор за масни отпечатоци од прстите или лепливи остатоци од ставање уметнички дела на детето на вратата од фрижидерот, овој мал водич ќе Ви помогне да ги задржите беспрекорни површините од нерѓосувачки челик.
Кога станува збор за нер’ѓосувачки челик, нежниот пристап е секогаш најдобар. Не користете груби абразивни производи за чистење. Наместо тоа, одберете мека крпа или сунѓер и производи за чистење специјално за нерѓосувачки челик. Дури и топла вода во која сте раствориле една лажица сода бикарбона може да биде решение.
Накиснете крпа или сунѓер во вода или детергент, а потоа избришете една насока. Ако погледнете внимателно, ќе видите дека површините од не’рѓосувачки челик имаат вертикална или хоризонтална насока. Откако ќе ги избришете површините, пребришете ги со мека и сува крпа за добро да ги исушите. На крај, можете да нанесете лак за не’рѓосувачки челик, но внимавајте пред употреба повторно да ги избришете.
Тоа е начин на нивно чување ... само следете ги овие чекори и ќе имате садови од не’рѓосувачки челик кои ќе изгледаат добро долго време!