Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи

3 мин на читање

Како да ја исчистите вашата машина за миење садови?

Како да ја исчистите вашата машина за миење садови?
Како да ја исчистите вашата машина за миење садови?

 

 

Бидете благодарни што ја поседуватеза вашата машина за миење садови!  Можете ли да го замислите животот без неа?  Ве ослободува од здодевна работа како што е  миењето садови и ви дава време да се одморите.  Но, не заборавајте, сепак треба да го чистите апаратот од време на време за да работи најдобро и да спречите појава на непријатни мириси.  

 

Дозволете овој практичен водич да Ве води низ она што треба да направите за да ја одржите чиста машината за миење садови.  

 

 

 

01.

Подгответе ги Вашите алатки 

 

Потребен ви е сунѓер, неколку  суви крпи,стара четка за заби, чешма за вода, детергент за садови или некој друг производ што не е за абразивен.  Немојте ни да помислите да употребите метални алуминиумски жици или груби средства за чистење со голема острина, бидејќи тие ќе предизвикаат гребнатини и со тоа машината ќе ја донесат во состојба при секојдневниот контакт со вода лесно да кородира.   

 

 

 

02.

Подгответе го апаратот за чистење 

 

За да знаете дека темелно стеја исчистиле вашата машина за миење садови,отребно е да ги исчистите внатрешноста и надворешноста на истата.  Првото нешто што треба да направите е да ги извадите сите делови што може да се извадат.  Извлечете ја долната решетка и оставете ја настрана. 

 

Ослободете ја горната перка за прскање така што ќе ја одвртите навртката која ја држи истата, спротивно од стрелките на часовникот.  Долната перка за прскање треба само да се извлече нагоре. 

 

Натаму, извадете го филтерот за одвод и тенката метална решетка што го покрива куќиштето.

 

 

 

03.

Исчистете ги сите елементи 

 

Соберете ги пропелерите, филтерот и решетката и исплакнете ги сите под чешма.  Можете да користите малку средство за садови, ако сакате. 

 

Најважниот дел од Вашата машина за миење садови кој мора секогаш да биде чист, е филтерот за одвод.  Тука завршуваат сите остатоци  од храната .  Ако не го чистите редовно, таложењето нечистотија ќе предизвика непријатни мириси и Вашата машина за миење садови нема да може да чисти толку ефикасно.  

 

Следни на списокот се перките за прскање. Клучно е отворите на перките да бидат чисти и слободни. Оставете да истече вода низ отворите за прскање за да се осигурате дека не се блокирани.  

 

Сите делови исушете ги со кујнска крпа или оставете ги да се исушат на воздух пред да ги вратите на место. 

 

Во зависност од тоа колку често ја користите машината за миење садови, треба да ја правите оваа рутина најмалку еднаш на секои два до три месеци ,за машината за миење садови да работи правилно и без непријатни мириси.  Дури и ако ги прескокнете другите делови, чистењето на филтрите е задолжително за хигиенска и свежа машина за миење садови.  

 

На Беко EverClean™ филтрите им треба до 4 пати помалку чистење.  Системот за прскање прска вода врз филтерот одвнатре, чистејќи го од внатрешно и надворешно. 

 

 

 

04.

Избришете ги внатрешните површини 

 

Користете мека влажна крпа за да ги избришете ги внатрешните sидови на Вашата машина за миење садови. Осигурајте се дека сте ги исушиле целосно пред повторно да ги соберете парчињата. Влагата заглавена во Вашата машина за миење садови ќе предизвика непријатни мириси, за кои е јасно од каде доаѓаат: бактерии!  

 

 

 

05.

Исчистете ги надворешните површини (за самостојни машини за миење садови) 

 

Ако Вашата машина за миење садови е самостојна, треба да ги избришете и надворешните површини. Чистењето на надворешноста на машината за миење садови е прилично едноставно. 

 

Како и со повеќето други апарати, можете едноставно да користите влажна крпа или мека страна на сунѓер со топла вода и неабразивно средство за чистење. Исушете ги површините  за целосно да ги исушите.  

 

 

06.

Редовно пуштајте ја програмата за самочистење 

 

Повеќето машини за миење садови имаат програма за самочистење за чистење на сите ќошиња и решетки до кои не може да се дојде со редовно чистење. Исто така, многу е важна високата температура при уништување на  сите бактерии во уредот, и нивно отстанување преку системот за филтрирање и одводнување. 

 

Немојте да користите детергент за рачно миење садови со оваа програма. Подобро  стартувајте ја без детергент или со  достапни средства за самочистење на пазарот. .

 

Чистењето на машината за миење садови е многу важно за правилно работење и добро одржување на истата. Како прво, ако Вашата машина за миење садови е валкана, таа не може да ги покаже соодветните перформанси за чистење. Исто така, одржувањето на апаратите чисти е едно од првите правила за нивни подолг век на траење.  

 

Rather talk to someone?

Beko