Постојат неколку причини поради кои вашата машина за миење садови не ја исфрла валканата вода. Ве молиме, проверете, дали некој од овие случаи може да ви помогне да го решите тој проблем.
Погледнете дали филтерот за исфрлање на отпадната вода е валкан или затнат
Вашата машина за миење садови има филтер за одвод на кој му треба редовно чистење. Извадете го филтерот за одвод од машината за миење садови и проверете дали има остатоци од храна на него.
Извлечете ја долната решетка од машината за миење садови за да стигнете до филтерот за одвод. Извадете го филтерот од долниот дел на апаратот и измијте го под славинаа. Повторувајте го овој процес еднаш неделно, со што ќе придонесите отпадната вода непречено да се исфрла од машината за миење садови, а со тоа ќе спречите ширење на непријатни мириси од машината.
Искористете го филтерот EverClean™
Многу машини за миење садови Beko доаѓаат со карактеристика EverClean™ Filter™, што претставува користење на специјален систем за прскање кој го чисти филтерот за одвод одвнатре. Благодарение на филтерот EverClean™, вашата машина за миење садови Beko ќе нема потреба од многу често миење на филтерот, односно тоа ќе се намали за четири пати.
Осигурете се дека цревото за одвод е правилно инсталирано
Ако вашата машина за миење на садови не може да ја исфрли отпадната вода при циклусот на миење, тогаш таа нема да може ниту да прими нова, чиста вода за да го доврши циклусот. Проверете ја положбата на одводното црево кое е поврзано со вашата машина за миење садови. Проверете дали излезот на отпадна вода е поврзан на најмалку 50 см односно најмногу 100 см над земјата.
Проверете дали цревото за одвод е свиткано или затнато
Цревото за одвод може да биде директно поврзано со канализацијата или пајк со сифонот на мијалникот. Ако овие делови се блокирани, водата нема да се исцеди од апаратот.
Обидете се да истурите малку вода низ одводот за да проверите дали цевките се затнати. Доколку е тоа случај, обидете се со помош на механички средства или пак со хемиски средства да го исчистете затнатиот одвод. Ако отпадната вода и натаму не се исфрла, побарајте помош од водоводџија.
Проверете ја рамнотежата на апаратот
Вашата машина за миење садови треба да стои рамномерно и избалансирано на сите четири ногари за да функционира правилно. Обидете се да го поместите апаратоат од една на друга страна или напред и назад. Ако премногу се тресе, односно се поместува, тоа значи дека апаратот стои на подот или на ногарите во нерамномерна положба.
Користете либела за да ја проверите рамнотежата на апаратот. Доколку машината не е рамномерно наместена и стабилна,обидете се тоа да го постигнете со вртење на навртките кои се наоѓаат на ногарите под апаратот. Вртете ги навртките во насока на стрелките на часовникот или спротивно од стрелките на часовникот, сè додека не постигнете машината цврсто да застане на подот и се додека либелата не покаже дека машината за миење на садови е во водорамна положба. Потоа затегнете ги сите навртки на ногарите со рака, за да ги прицврстите.
Разгледајте ги техничките проблеми
Ако проблемот продолжи, вашата машина за миење садови може да има технички проблем. Ако се сомневате дека тоа е така, контактирајте овластен сервисер.