Проверете дали апаратот е вклучен во напојување со вода. Ако вашата машина за миење садови сè уште не внесува вода, проверете дали некоја од овие случаи ќе го решиат вашиот проблем.
Осигурете се дека цревото за одвод е правилно инсталирано
Ако вашиот апарат не може да ја исфрли отпадната вода,тогаш тој нема ниту да прима повеќе вода. Проверете ја положбата на цревото за одвод поврзано со вашата машина. Цревото за отпадна вода треба да е поврзано со сифонот за одливање на водата најмалку 50 см и најмногу 100 см над земјата.
Проверете дали цревата за напојување или одвод се свиткани или затнати
Цревата за водоснабдување и одвод не треба да бидат свиткани или затнати. Проверете ги и откачете ги или исправете ги, доколку е потребно. Заменете ги дотраените, дупнати или 'рѓосани црева.
Погледнете дали филтерот е валкан или затнат
Вашата машина за миење садови има филтер за одвод кој бара чистење. Отстранете го филтерот за одвод на машината за миење садови и проверете дали има остатоци од храна.
Извлечете ја долната решетка од машината за миење садови за да стигнете до филтерот за одвод. Извадете го филтерот од долниот дел на апаратот и измијте го под славината. Повторувајте го овој процес редовно за правилно одводнување на вода и спречување на непријатни мириси.
Многу машини за миење садови Beko доаѓаат со карактеристика EverClean™ Filter. Оваа карактеристика користи специјален систем за прскање кој го чисти филтерот за одвод одвнатре. Благодарение на филтерот EverClean™, за вашата машина за миење садови Beko ќе треба четири пати помалку чистење на филтрите.
Проверете дали вратата е правилно затворена
Ако вратата на вашата машина за миење садови е отворена, таа нема да започне со работа. Проверете дали вратата на апаратот е цврсто затворена и дали слушате звук на заклучување. Ако не, проверете ја вратата дали е скршена или испукана. Ако бравата не е во работна состојба, побарајте помош од овластен сервисер.
Разгледајте ги техничките проблеми
Ако проблемот продолжи,односно ако машината и натаму не работи, можно е да има проблем со грејачот или термостатот на машината за миење садови. Во таков случај, контактирајте овласен сервисер.