Сè што треба да знаете за

Машина за перење алишта

Најчесто поставувани прашања

Машините за перење алишта имаат различни капацитети за полнење. Покрај тоа, капацитетот на барабанот се менува, во зависност од избраната програма. Машината за перење алишта не треба да се полни повеќе од капацитетот, бидејќи прекумерното полнење може да предизвика неправилно работење.

За повеќе информации за капацитетот на барабанот на машината за перење, погледнете го упатството за работа. Ако не можете да го пронајдете упатството, преземете го тука, со внесување на бројот на моделот на производот.

Машините за перење алишта Беко, се дизајнирани да ја детектираат лошо избалансираната количина на алишта во барабанот и соодветно на тоа ја намалуваат брзината на центрифуга. За количината на алиштата да биде добро избалансирана, перете ги габаритните предмети, како што се ќебиња, заедно со барем уште еден тежок предмет, како што е голема крпа или друго ќебе.

За повеќе совети за правилно користење на Вашатa машина за перење, погледнете ги нашите водичи за правилно полнење на машината,количината на алишта ,која Вашата машина може да ја испере,одберете соодветна програма за перење и начин на перење на градници,тренерки и волнени алишта.
Не препорачуваме заедно да перете шарени и бели алишта.

Потемните и посветлите бои може да се пренесат на белите алишта и трајно да ги обојат, дури и ако се перат со ладна вода. Ако алиштата ги сортирате во групи на бели, светло обоени и темно обоени и притоа користите соодветен  детергент и соодветна температура за перење, алиштата подолго ја задржуваат бојата и подолго  траат.

За повеќе совети за перење, видете ги нашите упатства за правилно полнење на машината за перење, количината на алишта што може да се испере, изборот на вистинската програма за перење и изборот на вистинскиот детергент.
Користењето на премногу или премалку детергент, ја намалува ефикасноста на перењето. Соодветната количина на детергент е прикажана на амбалажата на детергентот. Можеби ќе треба да ја зголемите дозата, во зависност од количината на алишта и тврдоста на водата во Вашето место на живеење. Следете ги упатствата на производителот на детергент.

За повеќе совети за перење, видете го нашиот водич за тоа каков вид детергент треба да се користи.
Вашата машина за перење треба да стои рамно и да биде стабилна на нејзините ногари,за добро да работи . Обидете се да ја занишате машината лево-десно и напред-назад. Ако премногу се ниша, можно е подот  да е нерамен или ногарите да не се добро наместени.

Користете либела за да проверите дали машината е израмнета. Ако не е, наместете ги ногарите рачно, барајќи ги навртките ,кои се наоѓаат под машината за перење. Олабавете ги истите и свртете ги ногарите во насока на стрелките на часовникот или спротивно од стрелките на часовникот,се додека не постигнете машината да застане цврсто на подот. Потоа, сите завртки стегнете ги со рака.
Тоа значи дека е активирна опцијата за заштита на децата. Не можете да менувате програми, температура, брзина или да додавате дополнителни функции, се додека оваа опција е активна.

За да ја деактивирате опцијата за заштита на децата, истовремено притиснете ги првото и второто копче за дополнителни функции и задржете три секунди, додека работи која било програма. Светлата на копчињата ќе трепкаат додека го правите тоа.

Опцијата за заштита на децата можете да ја деактивирате и така што ќе го поставите бирачот за избор на програма на вклучено / исклучено додека ниедна програма не е активна.

Постапката за активирање / деактивирање на заштитата на децата може да се разликува во зависност од моделот. Доколку процедурите опишани погоре не успеат, погледнете го упатството за работа. Ако не можете да го пронајдете, преземете го тука со внесување на бројот на моделот на производот.

Ако сакате Вашата машина да го заврши циклусот на перење подоцна, можете да го одложите почетокот или да го поставите времето на завршување на избраната програма (во зависност од моделот на уредот). Ова е особено корисно ако цената на електричната енергија или водата е пониска во одредени периоди од денот.

За да ја поставите програмата со одложување,наполнете ја машината за сушење на алишта и одберет програма со сите потребни дополнителни функции. Кликнете на функцијата Времетраење до завршување / време на завршување (она што е достапно на Вашата контролна табла). Сега можете да го поставите почетокот и крајот на сушењето до посакуваното време. Функцијата за одложување може да ја откажете со исклучување на уредот и повторно вклучување.

Ако Вашата машина за сушење Beko има копче за одложување на почетокот , можете да го прилагодите одложувањето на започнување со работа. Наполнете ја машината за сушење алишта и изберете програма со сите дополнителни функции како и обично. Поставете го времето на започнување со притискање на копчето за одложено започнување (или копчето за одложен почеток + или - доколку е применливо). Сега можете да ја стартувате машината  за сушење. Ако сакате да го откажете одбројувањето и веднаш да започнете со сушење, притиснете го копчето за стартување и намалете го преостанатото време до 0. Кога повторно ќе го притиснете копчето за стартување, програмата ќе започне нормално.     

 

Доколку на панелот постои копче за одлагање со броевите 3,6 и 9,тоа значи дека можете да го прилагодите времето на почеток на сушење. Кога копчето ќе го притиснете еднаш,го активирате одлагањето за 3 часа. Доколку повторно притиснете на истото копче,функцијата за одлагање се активира за 6 часа,а доколку повторно притиснете, одлагањето се активира за 9 часа. Ако повторно притиснете, одлагањето се поништува. Откако ќе го прилагодите одлагањето на почеток, можете да го притиснете копчето за стартување и програмата започнува после зададеното одлагање.

 

Ако горенаведените описи не важат за Вашата машина за перење алишта, погледнете го упарството за употреба. Ако не можете да го пронајдете упатството, преземете го од тука, така што ќе го внесете бројот на моделот на производ.

 

За повеќе совети околу машината за сушење на алишта, погледнете го нашиот водич за програми и функции на Beko машини за сушење на алишта.

Не. Вратата на машината за перење на алишта Beko е фиксна и не може да се смени. Тоа може само кај Beko машините за сушење, па ако во просторијата каде што се перат алишта имате машини една до друга, би било многу практично, ако нивните врати се отвораат на спротивна страна, кон надвор.
Машината за перење на алишта можете да ја поставите секаде кадешто ги имате потребните инсталации. Можете да ја поставите и во гаража, само под услов да е заштитена од замрзнување.
general-cta-image

Ние сме тука за вас!

Без разлика дали ви треба совет за производот, дали отидовте да купите додатоци или едноставно сакате да дадете повратни информации - ние сме тука за вас.

+38925511777 electro-servis macedonia Понеделник - Петок 08:00 – 16:00 Сабота 09:00 – 15:00 Недела Затворена

Ви треба повеќе поддршка?

Најдете ЧПП, видео водичи, статии и повеќе.

Beko

Licensee limited to certain jurisdictions