Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи

3 мин на читање

Како да се спречи заматување на стаклените предмети по миењето во машината за садови?

Како да се спречи заматување на стаклените предмети по миењето во машината за садови?
Како да се спречи заматување на стаклените предмети по миењето во машината за садови?

 

 

Постојат неколку причини кои доведуваат до заматглување на стаклените предмети по миењето во машина за садови. Ве молиме, проверете дали со примена на некој од овие совети ќе  ќе го решите проблемот. 

 

 

 

Осигурете се дека средството за плакнење не е намалено или потрошено 

 

Средството за плакнење спречува капки вода да се исушат на вашите стаклени садови и да остават траги од вода. Кога е вклучено светлото на диспанзерот за  средство за плакнење на вашата машина за миење садови, време е да го наполните. 

 

Резервоарот за средство за плакнење се наоѓа во внатрешноста на вратата на машината за миење садови, веднаш до одделот за детергент. Отворете го капакот на резервоарот, истурете го средството за плакнење додека не се наполни резервоарот и затворете го капакот. 

 

 

 

Проверете дали е соодветна количината на средството за плакнење 

 

Вашата машина за миење садови има поставка за средство за плакнење што ја одредува неговата оптимална количината која се користи во апаратот. Ако видите траги од вода на вашите садови и покрај тоа што користите средство за плакнење, можеби ќе треба да ја зголемите неговата количина во машината за миење садови. Ако има синкава / како боја на виножито, дури и по бришењето, обидете се да ја намалите дозата на средството за плакнење во машината за миење садови. 

 

 

 

Проверете го нивото на тврдост на водата и соодветно користете сол за машина за миење садови 

 

Солта за миење садови помага на внатрешната омекнувачка единица на вашиот апарат да ја намали тврдоста на водата од чешма. Ако снабдувањето со вода ви е меко (<5dH), не користете сол бидејќи може да ги изгребе или да ги кородира стаклените предмети. 

 

Следете ги насоките во упатството за употреба за да го измерите нивото на тврдост на водата од чешма. Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на вашиот производ. 

 

 

 

Избегнете истурање сол за миење на садови во внатрешноста на машината за миење садови 

 

Резервоарите за сол во машини за миење садови содржат вода, а оваа вода може да се прелее кога ќе го наполните резервоарот со сол. Солта исто така може да се истури во внатрешноста на апаратот при полнење на резервоарот за сол. Солта во кадата за миење садови може да ги изгребе стаклените површини. 

 

За да го намалите истекувањето на сол, при дополнување на резервоарот користете ја инката која ја добивате во комплет со вашата машина за миење садови „Beko“  и не заборавајте да ги избришете остатоците од  прелеана вода или сол надвор од резервоарот наменет за тоа. Цврсто затворете го капакот на резервоарот откако ќе го наполните. 

 

Одберете програма за предперење или некоја друга најкратка програма најкратка програма за да ги измиетеостатоците од сол што може да се истури во внатрешноста на апаратот. Доколку не го сторите тоа,гранулите од солта под капакот ќе се растворат за време на наредното миење и може да предизвикаат олабавување на капакот. Проверете го капакот на крајот од програмата и цврсто затворете го. 

 

 

 

Осигурете се дека прилагодувањето според  тврдоста на водата е соодветно 

 

Тврдата вода предизвикува формирање на траги на вашите стаклени садови. Вашата машина за миење садови има начин на регулирање според тврдоста на водата што треба да го прилагодите според тврдоста на водата од чешма.  

 

Следете ги насоките во упатството за употреба за да ја одредите точната поставеност.  Ако имате проблем да го пронајдете вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на вашиот производ. 

 

 

 

Избегнувајте миење стаклени предмети заедно со прибор од алуминиум или мешавина од алуминиум 

 

Кујнски прибор што содржи или е направен од алуминиум може да кородира во машината за миење садови. Честичките што се отцепуваат од нив може да предизвикаат гребење на стаклените садови. Поради тоа избегнувајте миење на стаклени садови и алуминиумски садови заедно. 

 

 

 

Искористете ги предностите на програмата Auto GlassShield®, SteamGloss® и GlassCare 40 °C 

 

Многу машини за миење садови Beko имаат специјални технологии и програми за заштита на вашите стаклени садови. 

 

Auto GlassShield® Technology ги штити вашите стаклени садови од корозија со определување на тврдоста на водата и соодветно прилагодување на поставката на тврдоста на водата. 

 

SteamGloss® Technology овозможува дополнителни 10 минути интензивно загревање за да се минимизираат дамките од вода. 

 

Програмата GlassCare 40 °C нежно ги мие вашите стаклени садови на 40 °C за да ги заштити деликатните стаклени садови. 

 

 

Rather talk to someone?

Beko