Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи

2 мин на читање

Како да ја поправам мојата машина за сушење алишта, кога не се вклучува?

Како да ја поправам мојата машина за сушење алишта, кога не се вклучува?
Како да ја поправам мојата машина за сушење алишта, кога не се вклучува?

 

 

Постојат неколку причини зошто Вашата машина за сушење не започнува со работа. Ве молиме, проверете дали некој од следниве совети ќе го реши проблемот.

 

 

 

Проверете дали има прекин на струја 

 

Ако на екранот не се појави светлина иако Вашиот апарат е вклучен, можно е да имате прекин на електрична енергија. Проверете ги светлата и другите електрични апарати во Вашиот дом за да видите дали се случил прекин на електрична енергија. 

 

Ако други електрични апарати работат, можно е да имате проблем со осигурувачот на кој е поврзана машината. Во овој случај, побарајте помош од овластен електричар. 

 

 

Проверете дали вратата е правилно затворена 

 

Ако Вашата машина за сушење алишта сигнализира дека дека вратата е отворена, таа нема да започне со работа. Проверете дали вратата е цврсто затворена. Отстранете ги предметите што можат да бидат фатени во вратата и турнете ја посилно, додека не слушнете звук на заклучување.

 

 

 

Осигурете се дека заклучувањето за деца не е активирано 

 

Не можете да направите никакви промени во програмите, температурата, брзината или дополнителните функции додека заклучувањето за деца е активно. Бравата е активна кога е вклучен индикаторот за предупредување за заклучување за деца на екранот или панелот на башата машина за сушење алишта. 

 

За да ја деактивирате програмата за заклучувањето за деца, притиснете го копчето за известување за звук / сигнал и копчето за старт / пауза / откажување / крај на траење истовремено три секунди додека работи која било програма. Светлата на копчињата ќе трепкаат додека го правите тоа. 

 

Можете исто така да го вклучите копчето за избор на програма во позиција Вклучено / Исклучено се додека не проработи програма за деактивирање на заклучувањето. 

 

Постапката за активирање / деактивирање на заклучувањето за деца може да варира во зависност од Вашиот модел. Ако постапките опишани погоре не функционираат, проверете во  Вашиот прирачник за употреба. Ако имате проблем да го пронајдете Вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на Вашиот производ. 

 

 

 

Разгледајте ги техничките проблеми 

 

Ако Вашата машина сеуште не започнува со работа,можно е да се појавиле некои технички проблеми. Ако се сомневате дека тоа е така, контактирајте овластен сервисер. 

 

 

Rather talk to someone?

Beko