Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи

1 мин на читање

Како да ја поправите машината  за сушење што запира во средината на циклусот?

Како да ја поправите машината за сушење што запира во средината на циклусот?
Како да ја поправите машината за сушење што запира во средината на циклусот?

 

 

Постојат неколку причини поради кои Вашата машина за сушење може да застане со работа. Ве молиме, видете дали некој од следниве совети ќе го реши проблемот. 

 

 

 

Погледнете дали резервоарот за вода е полн 

 

Ако Вашата машина за сушење не се поврзува на водоводна мрежа, тогаш таа има резервоар за вода каде што се собира водата којашто испарува од влажните алишта. Овој резервоар треба да се испразни по секој циклус на сушење. 

 

Ако не го испразните резервоарот за вода, машината може да застане  за време на следниот циклус на сушење, бидејќи резервоарот е полн. Доколку се случи ова, треба да го извлечете резервоарот за вода и да го испразните пред машината да започне со сушење. 

 

За да го испразните резервоарот за вода, извлечете го од неговото куќиште кое се наоѓа горе лево од апаратот. Истурете ја водата. Ако има влакна во резервоарот, исчистете ги  под чешмата со топла вода. 

 

 

 

Проверете дали преносниот каиш е оштетен 

 

Отворете ја вратата и обидете се да го свртите барабанот. Ако се сврти без никаков отпор, тоа може да значи дека преносниот каиш  на Вашиот апарат е оштетен или расипан. Во овој случај, ве молиме контактирајте го овластениот сервисер. 

 

 

 

Проверете ја јачината на електричната енергија 

 

Вашата машина за миење садови може да застане поради недоволна јачина на електричната енергија или дефект. Обидете се да го исклучите апаратот од струја. Почекајте една минута и повторно вклучете го. Потоа повторно стартувајте ја програмата. 

 

 

 

Разгледајте ги техничките проблеми 

 

Ако сè друго не успее, Вашата машина може да има технички проблем. Ако се сомневате дека тоа е така, контактирајте овластен сервисер. 

 

 

Rather talk to someone?

Beko