Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи

3 мин на читање

Како да ја поправите машината за сушење што премногу долго работи?

Како да ја поправите машината за сушење што премногу долго работи?
Како да ја поправите машината за сушење што премногу долго работи?

 

 

Должината на траење на на циклусот на сушење е наведена во упатството за употреба на машината. Проверете го упатството за употреба и проверете дали сушењето трае подолго од наведеното време. Ако имате проблем да го пронајдете Вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на Вашиот производ. 

 

Ако забележите зголемување на времето на сушење на Вашата машина за сушење алишта, проверете дали некој од следниве совети ќе го реши проблемот. 

 

 

 

Проверете дали филтерот за влакна е валкан или затнат 

 

Времето на сушење може да биде подолго ако филтерот за влакна е запушен. Филтерот за влакна ја собира пената и влакната од облеката и треба да се чисти по секој циклус на сушење. Филтерот за влакна се наоѓа на работ на вратата. 

 

За да го исчистите филтерот за влакна, отворете ја вратата и повлечете го филтерот за влакна нагоре за да го отстраните. Извадете ги влакната собрани на површината со рака или со мека крпа. Ако филтерот е многу затнат, измијте го под чешмата со топла вода. 

 

Исушете го филтерот за влакна целосно пред повторно да го инсталирате. Пред да го поставите филтерот назад во неговото куќиште, избришете го и самото  куќиште, бидејќи може да се соберат и влакна во оваа област. 

 

 

 

Погледнете дали фиоката за филтер или филтерот за кондензаторот се валкани или затнати 

 

Машините за сушење на алишта со топлински пумпа и кондензатори имаат дополнителен филтер позади штитникот. Овај дел се нарекува фиока за филтрирање кај машините со топлинска пумпа, а филтер за кондензација кај машините со кондензатор. 

 

Блокирана фиока за филтрирање или кондензатор може да предизвика подолго време на сушење. Овие филтри собираат нечистотија и влакна што излегуваат низ филтерот за влакна. Тие треба да се чистат периодично или кога ќе се запали сигналната светилка за чистење на фиоката на филтерот (доколку е достапен). 

 

За чистење на фиоката за филтер или филтерот за кондензатор, отворете ја ударната плочка и извадете го парчето од неговото куќиште со отклучување на бравите. Фиоката за филтри може да се отвори понатаму со притискање на црвеното копче.

 

Извадете ги влакната собрани на површините на на филтрите со рака или со мека крпа. Можете исто така да ја користите Вашата правосмукалка вклучена на најмала моќност на вшмукување. На крај, помеѓу површините ќе пронајдете тенко парче сунѓер. Извадете го сунѓерчето и измијте го под чешмата со топла вода.

 

Филтерот на кондензација, подобро е да се исчисти со вода под притисок. Држете го под туш неколку минути. Обидете се да го испрскате од сите страни за да ја исчистите пената.

 

Почекајте сите делови да се исушат целосно пред повторно да ги инсталирате. Ставете ја фиоката за филтер или кондензаторот во неговото куќиште и заклучете ги бравите. На крајот, затворете го капакот на ударната плоча.

 

 

 

Погледнете дали отворот за сушење е блокиран (модели со вентилација) 

 

Ако сте сопственик на машина за сушење, Вашиот апарат ќе треба да се инсталира во близина на надворешен отвор за проветрување. Овој отвор треба да биде чист од блокади за безбедност и за добри перформанси на сушење. Ако отворот за сушење е блокиран или ограничен, на апаратот ќе му треба подолго време да ја исуши облеката. 

 

 

 

Проверете ја избраната програма и функции

 

Избраната програма може да има одлики за кои е потребно дополнително време. Изберете соодветна програма за видот на алиштата и користете дополнителни функции само кога е потребно. Проверете во Вашиот прирачник за употреба,за да можете да ја користите најсоодветна програма. Ако имате проблем да го пронајдете Вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на Вашиот производ.

 

 

 

Избегнувајте преполнување на апаратот

 

Ако Вашата машина за сушење алишта е преполнета, движењето на воздухот во барабанот ќе биде ограничено. Ова ќе резултира со подолго време на сушење. 

 

Ве молиме, проверете во Вашиот прирачник за употреба за корисење на соодветната програма и соодветниот  капацитет на полнење при сушењето. Ако имате проблем да го пронајдете Вашиот прирачник, преземете го тука користејќи го бројот на моделот на Вашиот производ.

 

 

Rather talk to someone?

Beko