Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи

1 мин на читање

Како да ја поправам машината за сушење алишта која се тресе или вибрира?

Како да ја поправам машината за сушење алишта која се тресе или вибрира?
Како да ја поправам машината за сушење алишта која се тресе или вибрира?

 

 

Вибрациите или движењето може да предизвикаат оштетување на машината за сушење алишта и да влијаат на неговите перформанси.Ве молиме,проверете дали една од следниве ќе сугестии ќе го реши  проблемот? 

 

 

Проверете ја рамнотежата на апаратот 

 

Вашата машина за сушење треба да стои рамномерно и избалансирано на ногарите за да функционира правилно. Неизбалансиран апарат ќе вибрира и ќе се тресе за време на работата. Обидете се да го занишате апаратот од една кон друга страна или напред и назад. Ако многу се ниша, ногарите на Вашиот апарат можат да не се рамно наместени.  

 

Користете либела за да ја проверите рамнотежата на апаратот. Ако либелата покаже дека не е рамномерно наместена, наместете ги ногарите што се наоѓаат под машината за сушење алишта, така што ќе ги најдете навртките за нивелација кои се наоѓаат на ногарите. Олабавете ги и свртете ги тие навртки во насока на стрелките на часовникот, а потоа спротивно од  насоката  на стрелките на часовникот, сè додека не дојдат до цврст контакт со подот. Стегнете ги сите навртки повторно со рака. 

 

 

Осигурете се дека алиштата во машината се рамномерно распоредени 

 

Алиштата што се нерамномерно распоредени во  барабанот може да предизвикаат вибрирање или тресење на машината за време на работата. Ова се случува и при сушење на само едно парче.

 

Ако во машината ставате еден, релативно тежок предмет како што е голема крпа или ќебе, овој предмет ќе се залепи на едната страна од барабанот и може да предизвика вибрации. За да го избегнете ова, секогаш ставајте најмалку два предмети со слична тежина за да можат да создадат рамнотежа за време на процесот на сушење. 

 

 

Rather talk to someone?

Beko