Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

3 мин на читање

6 совети за одржување и за да продолжување на  векот на траење на вашата машина за миење садови

6 совети за одржување и за да продолжување на векот на траење на вашата машина за миење садови
6 совети за одржување и за да продолжување на векот на траење на вашата машина за миење садови

 

 

Кога купувате машина за миење садови,вашата цел е таа да ви заштеди време и напор околу секојдневното миењето на садовите, приборот за јадење и прибор за готвење, но од време на време ќе треба да и посветите малку време на машината за да ја  одржувате во врвна состојба. Следете ги овие 6 совети за одржување и вашиот апарат ќе работи беспрекорно и подолго време. 

 

 

 

01.

Редовно користете ја машината за миење садови 

 

Редовното користење на вашата машина за миење садови е всушност најдобар начин истата да ја одржувате во добра состојба, затоа што со тоа се спречува остатоците  од храна да се наталожат на дното од машината за миење садови или во филтерот и во тој случај ќе мора редовно да поминувате низ кој било процес на длабоко чистење. 

 

 

 

02.

Перките за прскање чувајте ги чисти

 

Оние перки од коишто прска вода, и даваат моќ на машината за миење садови да го уништува остатоците од храна, а знаеме дека  доколку тие се чисти и функционираат правилно ,тогаш  машината за миење на садови ќе се одржува во исправна состојба. Остатоци од храна или варовник може да се соберат во млазниците и да ги блокираат, намалувајќи ја нивната моќ на чистење. Редовно прегледувајте ги и користете игла за деблокирање на секоја блокирана млазница. Исто така, треба да ги извадите од машината за миење садови и да им давате темелно чистење на секои неколку месеци. 

 

 

 

03.

Чувајте го филтерот чист 

 

Филтерот ќе го најдете на дното од кадата од машината за  миење садови, а тој е многу битен, бидејќи спречува  големите парчиња од храната да влезат во системот за исфрлање на вода. Сепак, со текот на времето ,во филтерот се собираат остатоци од храна, што влијае на перформансите на машината при исфрлање на отпадната вода и предизвикуваат непријатни мириси. За поголем аефикасност на вашата машина за миење садови, чистете го филтерот енаш на секои два до три месеци. 

 

Секој филтер за машина за миење садови е различен, во различен апарат, затоа разгледајте го вашиот прирачник за употреба за да дознаете како да го извадите и исчистите. Ако сте сопственик на машина за миење садови Beko, овде можете да го преземете упатството за употреба со вчитување на бројот на  на вашиот апарат. Откако ќе го извадите,измијте го го филтерот под чешма и вратего на негово место. 

 

Во зависност од тоа колку ја користите машината за миење садови, чистењето на филтерот треба да го правите  најмалку на секои два до три месеци, за да може машината за миење садови да работи правилно садовите да се чистии да нема непријатни мириси во машината. Машините коишто имаат вградена Beko EverClean™ програма, овозможуваат нивните филтри да се чистат  до 4 пати помалку бидејќи таа програма има систем за прскање кој прска вода врз филтерот одвнатре, чистејќи го однатре и однадвор.  

 

 

 

04.

Чувајте ги рабовите и жлебовите на вратата чисти 

 

Рабовите и жлебовите на вратите на вашата машина за миење садови не се изложени на вода и топлина за време на циклусот на миење, затоа немојте даги чистите кога апаратот апаратот е во употреба. Значи, одприлика еднаш месечно или приближно толку, со помош на крпа и неабразивно средство за чистење избришете ги рабовите и жлебовите на вратите. Ова ќе спречи таложење на  мувла, нечистотија или било каквидруги бактерии коишто предизвикуваат непријатни мириси. 

 

 

 

05.

Користете сол за миење садови и средство за плакнење 

 

Користењето сол за машина за миење садови е важно бидејќи му помага на вашиот апарат да се справи со тврдоста на водата во вашата област и спречува таложење на варовник. Погрижете се да го пополните резервоарот за сол кога ќе се вклучи индикаторското светло. Како што претходно е споменато, секогаш кога дотурате сол во резервоарот наменет за тоа, користете ја инката која ја добивате заедно со вашата машина за миење садови и избришете ги прелеаната вода и истурената сол, бидејќи тие можат да ја кородираат внатрешноста на апаратот. 

 

 

06.

Пуштете ја програмата за за самочистење или користете средство за чистење садови  

 

Одржувањето на машината за миење садови во добра состојба значи истата да ја одржувате чиста. Некои апарати имаат програма за самочистење која користи високи температури за да ги уништи сите бактерии и да и овозможи на внатрешноста на машината темелно и длабинско чистење. Овај циклус треба да го практикувате барем еднаш на секои два месеци, но притоа бидете сигурни дека машината е сосема празна. 

 

При циклусот на самочистење може да користите и средство за чистење на машината. Постојат неколку видови коис се достапни на пазарот и помагаат да се исчистат сите бактерии, варовник и остатоци од храна. Секогаш прочитајте ги упатствата пред употреба на тие средства, бидејќи тие можат да бидат  различни од производ до производ. 

 

 

Доколку се придржувате кон погоре објаснетите совети, ќе овозможите заштита и подолг век на траење на вашата машина за миење садови. 

 

 

Rather talk to someone?

Beko

Licensee limited to certain jurisdictions