Ви благодариме за повратните информации
Само што го додадовте овој производ на вашата листа на желби.
Само што го отстранивте овој производ од вашата листа на желби.
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Не можете да додадете повеќе во списокот со желби
Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи
Можете да споредувате само производи од истата категорија.
Додадовте производ за споредба! Продолжите!
Го отстранивте производ за споредба! Продолжите!
Вашата листа за споредба е полна!
Додадовте само 1 производ. Додајте повеќе производи за споредба

2 мин на читање

Рачно миење наспроти миење во  машини  за миење  садови:  што е подобро?

Рачно миење наспроти миење во машини за миење садови: што е подобро?
Рачно миење наспроти миење во машини за миење садови: што е подобро?

 

 

Постоја два аргументи за рачно миење садови. Некои тврдат дека никогаш не користеле машина за миење садови затоа што миењето на рацете е едноставно поеколошко. Други тврдат дека добиваат подобри резултати во чистењето. Но постојат повеќе аргументи против. 

 

 

 

Штедење на време 

 

Рачно миење садови одзема многу време. Нема што многу да се аргументира околу тоа. Но, само колку време ќе ви заштеди машината за миење садови? 

 

Машинското миење на целосно наполнета машина за миење садови (вклучувајќи чинии, прибор за јадење и прибор за готвење), може да трае некаде до еден час. Доколку тие садови ги миете на рака,ви требаат  два до три часа за да се завршите тоа. Значи со машинското миење заштедувате  околу четири часа неделно физичка работа. Само помислете што би можеле да направите со целото тоа дополнително заштедено време!  

 

 

Грижа за садови 

 

Некои луѓе се загрижени  дека садовите или чашите ќе им бидат оштетени во машината за миење садови и затоа сметаат дека миењето раце е побезбеден начинг. Правилно наполнетата машина за миење садови не треба да ги оштети садовите и другите предмети. Само проверете дали сè што не е соодветно за миење во машина заа миење садови, е одстрането од истата.  

 

 

 

Перформанси за чистење 

 

Ако мислите дека миењето на рацете резултира со поквалитетно чистење, размислете уште еднаш. Дури и сокористење на гумени ракавици, нашите раце не можат да ја издржат температурата на водата потребна за уништување на бактериите. Машина за миење садови загрева вода до 60 °C, убивајќи ги повеќето бактерии.  

 

Покрај тоа, силните млазови на вода моќно ја отстрануваат  храната и нечистотијата од површината на вашите садовиа. Ако споредиме садови миени во машина и садови миени на рака,ќе утврдиме дека резултатите од миењето на садови во машина наменета за тоа  скоро секогаш се подобри во однос на резултатите од миење садови нарака. Секак,притоа,внимавајте машината за миење садови да биде правилно наполнета,за да се постигнат нејзините најдобри перформанси за чистење.  

 

 

 

Заштеда на пари 

 

Гледајќи ја продажната цена на апаратот и неговата потрошувачка на вода и енергија, некои луѓе се загрижени дека машината за миење садови може да биде само екстравагантен трошок. Дали машината за миење садови ќе ви заштеди пари?  

 

Ова прашање е малку незгодно да се одговори затоа што тоа зависи од навиките на употреба и големината на вашето домаќинство. Како што веќе рековме, во повеќето случаи, во текот на својот работен век, машината за миење садови ќе ви заштеди пари во споредба со рачно миење, едноставно затоа што користи вода и енергија поефикасно од миењето на раце. И, се разбира, заштедата на  време нема цена. 

 

 

 

Влијание врз животната средина 

 

Машината за миење садови користи  електрична енергија и вода, така што миењето на садови на раце  мора да биде еколошко… Но, тоа едноставно не е така. Дури и најголемите машини за миење садови користат само околу 12 литри вода по циклус, додека во повеќето кујнски мијалници  треба 20-30 литри вода за да се наполнат. Исто така.ќе треба да ја испуштите извалканата вода и да наполните нова,за да можете да измиете онолку садови колку што мие машината за садови за 12 лица во еден циклуса.Тоа значи дека трошите седум пати повеќе вода и електрична енергија ако миете садови на рака,отколку истите да ги измиете во машина за миење садови за период од 10 години.  

 

Што се однесува до енергијата, машината за миење садови користи електрична енергија за загревање на потребната вода и бидејќи има потреба од помалку вода од кујнскиот мијалник, ќе се користи помалку електрична енергија отколку миењето садови на рака. Во период од 10 години, машината за миење садови ќе користи приближно половина од енергијата што ја користи миењето на рацете.  

 

Сè на сè, сè додека се користи разумно и ефикасно, машината за миење садови го победува рачното миење приближно секој фронт.  

 

 

Rather talk to someone?

Beko

Licensee limited to certain jurisdictions