На сите ни се случува. Невнимателно ставаме волнен џемпер или пар растегливи фармерки во машината за перење или сушење, и тие излегуваат намалени за една третина од нивната оригинална големина.
Секако, можеби ќе можете да ја спасите облеката со истегнување, но никогаш повеќе нема да биде иста. Затоа,применете ги овие насоки во Вашата рутина за сушење е алишта, и никогаш повеќе нема да уништите друг џемпер, спортска облека или маица!
Зошто облеката се собира?
Текстилните влакна се плетат или ткаат во ткаенини, коишто на крајот стануваат наша облека. Пред тоа, влакната, како што се памук, волна или најлон се истегнуваат за од нив да се направат текстилни нишки.
Топлината, водата и вртењето во машина за сушење алишта се во состојба да ја намалат таа истегнатост, со самото тоа предизвикуваат и намалување,односно собирање на ткаенината. Значи, ако ја изложите облеката на премногу висока температура во фаза на перење или сушење, наеднаш тој фустан од големина 8, ќе премине во големина 2, а вие ќе научите скапа лекција.
Чекори за спречување на собирањето
Собирањето може да биде последица на изложеност на повисока топлина и вода, како и последица на вртежите на машината,што значи собирањето може да се случи и во фаза на перење и во фаза на сушење во Вашите машини за перење односно сушење алишта. Затоа, бидете внимателни и почитувајте ги следните совети, за да избегнете повторно да си го скршите срцето, уништувајќи уште едно парче од Вашата омилена и скапа облека.
Чекор 1: Прочитајте ги етикетите за нега на Вашата облека
Етикетите за нега ви кажуваат сè што треба да знаете кога станува збор за правилно чување на облеката. Тие објаснуваат како да ја исперете или исушите и што можете, а што не можете да правите при одржување на истата.
Еден од најважните индикатори што ќе го најдете на етикетата за нега е температурата на која можете да ја исперете и исушите облеката. Ако сте особено загрижени за некои парчиња облека, секогаш можете да ги исперете и исушите на помала температура, да речеме на 30 ° C. Секако дека пониските температури нема да го спречат целосното собирање,но сепак можат значително да го намалат.
Друга битна работа која можете да ја видите на етикетата од Вашата облека е фразата „собирање од претходно“. Како што сугерира етикетата, овие парчиња облека се намалени пред да бидат продадени, па затоа треба да останат во иста големина по циклусот на перење и сушење.
Чекор 2: Сортирајте ги алиштата
Доколку се навикнете да ги сортирате алиштата според бојата, како и според температурата на перење и сушење, ќе спречите нивно собирање. Имајте во предвид, исто така, дека Вашите машини за перење и сушење може да понудат програми и за одредени ткаенини, како на пример фармерки. Сортирајте ги алиштата соодветно ако користите еден од оние циклуси за специфични ткаенини. За повеќе совети околу перењето и сушењето, проверете го нашиот водич околу тоа како правилно да ги наполните машината за перење и или сушење.
Чекор 3: Изберете го вистинскиот циклус
Ова оди рака под рака со изборот на соодветна температура, бидејќи одреден циклус автоматски ќе ја прилагоди температурата на перење.
Ако перете волнени работи на пример, не заборавајте да изберете циклус за волна, ако машината за перење ви нуди таква можност. Овој циклус не само што ќе ја намали температурата на перење, туку ќе ја намали и брзината на вртење, што резултира во нежно перење и помала опасност од собирање.
Перењето на раце е друга опција, па дури може да биде и назначето на етикетета дека најбезбеден начин за перење на тоа парче облека е токму перењето на рака. Ова е секако најмалку штетен метод за перење на облеката, но секако, најинтензивен.
Чекор 4: Бидете паметни кога станува збор за сушење
Повторно, насоките дадени на етикетата за нега се клучни тука. Ако етикетата означува дека облеката не е погодна за сушење во машина, не вреди да се ризикува. Меѓутоа, ако укажува на тоа дека предметот може да се исуши, проверете дали сте го одбрале правилното поставување на температурата. Сушењето алишта за кои е потребна мала температура, а ги сушите на висока температура, веројатно ќе резултира со собирање. Повторно, ако машината за сушење нуди програми прилагодени за таа врста ткаенина, не заборавајте да ги користите.