Вашата машина за сушење има голема и значајна улога во секојдневното одржување на Вашите и таа многу работи ,за да вие можете да се одморите и да имате повеќе слободно време. Но, во целата оваа напорна работа, на апаратот ќе му треба малку внимание. Одржувањето на машината за сушење, не само што ќе го направи нејзиното работење поефикасно, туку и ќе го продолжи нејзиниот животен век. Затоа, следете ги следниве совети за одржување и Вашата машина ќе ви биде благодарна.
01.
Не ја преполнувајте
Иако можеби е примамливо да вметнете сè што можете во Вашиот апарат, преоптоварувањето е кардинална грешка кога станува збор за грижата за Вашиот апарат. Преполнувањето,не само што ја штити машината од непотребен напор, туку и драстично ја намалува нејзината ефикасност и со тоа ја зголемува потрошувачката на електрична енергија.
Ако сакате да дознаете повеќе за тоа како да ја наполните машината за сушење алишта, погледнете го ова упатство, но сепак добро правило што треба да го следите е да го наполните барабнот само малку над половина од неговиот капацитет така што целата ваша облека ќе има слобода да се движи.
02.
Исчистете го филтерот за влакна по секоја употреба
Напорот да го исчистите филтерот за влакна после секој циклус на сушење ви е преголем? Па, погледнете во упатството за употреба на Вашиот апарат и ќе видите дека производителот го препорачува тоа. Ќе бидете изненадени колку влакна има уловено филтерот за влакна, по само еден стандарден циклус на сушење на алишта.
Филтерот кој е затнат со влакна, не само што ја намалува ефикасноста на сушењето, туку прави непотребно оптеретување врз Вашата машина за сушење, а тоа може да доведе до абење и протекување, што секако може да се избегне. Ако оваа процедура ви премине во навика, ќе ѝ направите голема услуга на Вашата машина за сушење алишта.
03.
Извршете длабинско чистење на филтерот за влакна на секои неколку месеци
Редовното длабинско чистење на филтерот за влакна и куќиштето на филтерот е исто така клучно за непречено функционирање на апаратот. Можете да го измиете филтерот за влакна под чешмата или да користите правосмукалка на нејзината најслаба јачина, за да го исчистите куќиштето на филтерот за влакна. Само проверете дали филтерот за влакна е целосно сув пред да го ставите повторно во куќиштето.
04.
Редовно чистете ја фиоката за филтер или кондензаторот
Не треба да се чува чист само филтерот за влакна, тука е и фиоката за филтерот или кондензаторот. Машините са сушење со топлинска пумпа имаат фиока за филтрирање, додека моделите со кондензаторот имаат кондензатор за истата работа. И двете може да ги најдете зад капакот на ударната плоча на долниот агол на машината.
Отворете го капакот и извадете го филтерот од неговото куќиште. Секој апарат е различен, затоа проверете го упатството за употреба ако не сте сигурни како да го направите тоа. Самата фиока за филтер може да се отвори за да се исчисти собраната пена од внатре.
Исчистете ги површините на куќиштето на филерот рачно или со правосмукалка поставена на нејзината најмала јачина на вшмукување. Ако подлогата за пена изгледа валкана, можете да ја исплакнете под чешма во мијалник. Потоа подлогата оставете ја добро да се исуши пред да ја ставите повторно во куќиштето и да ја вратите во машината за сушење. Имајте во предвид дека ова треба да го направите на секои четири или пет циклуси на сушење.
05.
Внатрешноста и надворешноста на апаратот држете ги чисти
Бaрабанот кој ќе го чистите, користејќи благ, абразивен производ за чистење или раствор на оцет и вода со мека крпа, ќе помогне машината да се ослободи од непријатните мириси. Користете го истиот производ за чистење или раствор на оцет за да ги избришете предните страните и задниот дел на машината.
06.
Дајте ѝ на Вашата машина за сушење простор за дишење
На Вашата машина за сушење ѝ треба простор околу задниот и страничните делови, за да може правилно да се проветрува, затоа избегнувајте да ја притиснете во мал простор. Најефикасен начин да го решите сместувањето на Вашата машина за сушење, е најпрво да ја поставите Вашата машина за перење, а над неа да ја поставите Вашата машина за сушење, но претходно погледнете го упатството ако сакате да научите како да го направите тоа.
07.
Чувајте ги цревата за проветрување чисти
Ако имате машина за сушење (модел што исфрла топол, влажен воздух преку црево надвор од Вашиот дом), чистењето на цревото за проветрување на секои три месеци е од суштинско значење, бидејќи тука може да се соберат влакна и други остатоци. Осигурете се дека ја исклучивте Вашата машина од електричната мрежа, а потоа исклучете го цревото за проветрување. Во зависност од должината на цревото, можете да користите крпа и благ производ за чистење или брисач на прашина од пердуви. Ако Вашето црево за проветрување е пластично, размислете да го замените со алуминиумско, бидејќи тие не претставуваат опасност од пожар.
08.
Наместете ја Вашата машина за сушење водорамно во однос на подот
Кога ја инсталиравте Вашата машина за сушење, веројатно ги прилагодивте ногарите на апаратот за тој да биде стабилен. Со целата центрифугална сила што се применува во машината за сушење, на ногарите може да им треба повторно прилагодување од време на време. Редовно проверувајте дали апаратот не се мрда напред и назад и прилагодете ги ногарите за да го стабилизирате апаратот доколку е потребно.
И тоа е тоа. Следењето на овие 8 основни насоки ќе ви помогне да го извлечете максимумот од Вашата машина за сушење во наредните години. Секогаш треба да внимавате на перформансите на Вашиот апарат. Ако циклусот трае подолго при сушењето на алишта од вообичаено, веројатно ќе го решите проблемот со препрочитување на ова упатство.
Одржувањето на апаратот чист е првиот чекор за добро користење на апаратот. Ако барате повеќе совети, видете го нашиот водич како да го исчистите апаратот.