Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи

3 мин на читање

Како правилно да ја наполните машината за сушење алишта?

Како правилно да ја наполните машината за сушење алишта?
Како правилно да ја наполните машината за сушење алишта?

 

 

Сортирањето на алиштата и правилното полнење на машината за сушење алишта е од суштинско значење, не само во смисла да го извлечете најдоброто од Вашиот апарат, туку правилно да ја исушите Вашата  облека. За жал, не можете едноставно само да ја ставите Вашата облека во барабанот. Овој мал водич ќе ви го покаже правилното дозирање на машината за сушење алишта и избегнување на нејзино преполнување. 

 

 

 

Проверете ја етикетата за нега на облеката и сортирајте ги алиштата 

 

Кога станува збор за перење и грижа за облеката, етикетата за нега е најдобро место за почеток. Обрнете  внимание на тоа како треба да се испере и исуши облеката. За начин на сушење, етикетата ќе има еден од следниве симболи: 

 

Еве што покажува секој симбол: 

  1. Суво
  2. Полусуво 
  3. Сушење на нормална, мала температура 
  4. Сушење на нормална, средна температура 
  5. Сушење на нормална, висока температура 
  6. Не се суши во машина 
  7. Не сушете 
  8. Сосема суво 
  9. Сушете во сенка 
  10. Обесете за сушење 
  11. Сушете на рамна површина 
  12. Сушете нормално, без топлина
  13. Хемиско чистење 
  14. Не се суши во машина за сушење 

 

Би било добро да ја сортирате облеките за сушење според температурата на која треба да се придржувате при сушење, па дури и според видот на ткаенината, ако користите програма за специфични материјали. Ако не сте сигурни дали Вашата облека може да се суши во машина, погледнете ја оваа листа на работи што никогаш не смеат да се најдат во неа.

 

 

 

Користете ја програмата за  центрифугирање на машината за перење алишта 

 

Ставањето на влажни предмети во машина за сушење ќе го продолжи времето на сушење, ќе ја зголеми потрошувачката на електрична енергија и ќе направи непотребно оптеретување врз апаратот. Користете ја програмата на центрифугирање на Вашата машина за перење за да отстраните што е можно повеќе вода пред да ја ставите облеката во машина за сушење. 

 

 

 

Протресете ја и свртете ја облеката со опачината 

 

Пред да ја ставите  облеката во машина за сушење, истресете ја и ослободете се од остатоците што може да ги има на неа. Закопчајте ги  сите патенти за да спречите истите да се заглават во барабанот при процесот на сушење. Конечно, свртете ги поголемите парчиња облека,како фармерки и дуксерки наопаку за да ги заштитите копчињата и да ја зачувате нивната боја. 

 

 

 

Проверете ги и испразнете ги џебовите 

 

Бидете сигурни дека нема ништо во џебовите од облеката. Ситни предмети, како монети може да испаднат и да го оштетат барабанот, додека некои предмети  како пенкало може да експлодираати  да ја уништат  облеката и апаратот!  

 

 

 

Измешајте поголеми и помали предмети и сместете ги рамномерно во барабанот  

 

Колку што можете, обидете се да измешате поголеми и помали парчиња облека во барабанот и проверете дали се тие рамномерно распоредени. Не треба тешката облека да биде на една страна на барабанот, а со тоа да се  наруши рамнотежата на апаратот. 

 

 

 

Не преполнувајте го барабанот 

 

Како што објаснивме погоре, преполнувањето на барабанот е кардинална грешка кога станува збор за машина за сушење алишта. Полнењето на барабанот нешто повеќе од половина е добро правило што треба да се следи. 

 

 

Проверете го филтерот за влакна 

 

Одржувањето на филтерот за влакна чист е клучно за добри перформанси на сушење и ние сме цврсто убедени во големата корист од  навиката на чистење на истиот после секој циклус на сушење. Набрзина проверете го филтерот за влакна откако ќе ставите нови  алишта за сушење, колку да бидете сигурни. 

 

 

 

Изберете ја соодветната програма 

 

Во зависност од тоа како сте ги подредиле алиштата, ќе треба да ја изберете  вистинската програма за нивно сушење. Овие програми  се разликуваат од апарат до апарат, но овој прирачник ги објаснува програмите и одликите што се достапни на машината за  сушење алишта Beko. 

 

Упатството веќе го имате. Држете се до неговите препораки и Вашата машина за сушење ќе ги покаже своите најдобри перформанси и Вашата облека ќе остане долго време во одлична состојба. 

 

 

Rather talk to someone?

Beko