Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи

3 мин на читање

Работи што никогаш не треба да се стават во Вашата машина за сушење алишта

Работи што никогаш не треба да се стават во Вашата машина за сушење алишта
Работи што никогаш не треба да се стават во Вашата машина за сушење алишта

 

 

Како апарат, Вашата машина за сушење алишта е прав магионичар, давајќи ви сува облека во многу пократко време од она што  што би требало истата да се исуши на воздух. Можеби ќе бидете во искушение да фрлите сè што е потребно за сушење во барабанот, но има неколку предмети што не треба бидат никогаш  во близина на машината за сушење. Еве список на работи што никогаш не треба да се најдат во овој апарат. 

 

 

Кожа или вештачка кожа 

 

Ако ве фати дожд, можеби ќе бидете во искушение да ја фрлите Вашата кожена (или вештачка кожа) јакна во машина за сушење - немојте! Топлината може да предизвика исушување и пукање на  кожата и променување на нејзиниот облик. Сушењето на воздух е вистинскиот начин да се исушат овие парчиња облека. 

 

 

 

Свила

 

Овој луксузен материјал има потреба од најнежна грижа. Топлината на машината за сушење може да создаде набори кои е скоро невозможно да се испеглаат. Сушењето на воздух и на рамна површина е најдобро за овој материјал. 

 

 

 

Трикотажа

 

Оваа лесна ткаенина не само што ќе се заплетка ,а може и да се заглави во машината за  сушење алишта, туку топлината ќе ја расипе секоја жичка еластин во Вашите хулахопки и може да предизвика собирање.

 

 

 

Велур

 

Друг вид на ткаенина, кој треба да го држите подалеку од машината за сушење е велур. Секогаш држете се до упатството на етикетата  за нега кога станува збор за чистење предмети од велур. 

 

 

 

(Некои) волнени ткаенини

 

Волната може да биде издржлива ткаенина, при што некои алишта направени од волна се безбедни за машината за перење и сушење, а други можат исклучиво да се перат на рака ни да се сушат на воздухот. Секогаш внимателно прочитајте ја етикетата за нега во волнена облека, бидејќи вртењето во машината за  сушење може да предизвика нивно собирање, што не може да се поправи.

 

 

 

Крзно и вештачко крзно 

 

Без разлика дали е природно или вештачко, топлината од машината за сушење ќе предизвика оштетување на облеката од крзно. Овие парчиња облека најдобро се сушат на воздух.  

 

 

Облека со циркони и монистра 

 

Облеката со украсни мониста и циркони дефинитивно треба да се чува подалеку од машината за сушење алишта. Не само што овие мали украси можат да заплеткаат на други предмети, туку и монистата и цирконите можат да бидат оштетени или уништени од топлината. 

 

 

Маратонки 

 

Иако е во ред да ставите обувки и патики во машина за перење со млака вода, нив сепак најдобро е да не ги ставате во пашина за сушење алишта. Топлината може да ги намали гумените ѓонови на Вашите обувки и да ја наруши нивната форма.

 

 

 

Градници

 

Иако градниците можете да ги перете во машина за перење алишта, сепак е  многу подобро е истите да ги исушите на воздух отколку да ги ставате во машина за сушење. Топлината на машината за сушење ќе го промени обликот на градникот и ќе ја расипе секоја нитка на спандекс и еластин. 

 

 

 

Костими за капење

 

Бикини, костими за капење, велосипедистички и други хеланки, најдобро е да се исушат на воздух, бидејќи топлината од машината за сушење ќе ги расипе  ткаенините. 

 

 

 

Гумирани простирки  

 

Простирките за во бања дефинитивно  треба редовно да се чистат, но за да ги исушите,ставете ги на  решетката за крпи и на воздух. Ако ставите гумиран килим или подлога во машина за сушење алишта, топлината ќе предизвика распаѓање или топење на гумата и ќе направи вистински хаос во Вашиот апарат. 

 

 

 

Домашни влечки

 

Исто како кај гумираните подлоги и килими, топлината од машината за сушење ги оштети гумените ѓонови и сите украси на Вашите пријатни домашни влечки. Значи, ако ги перете во машина за перење алишта, после тоа оставете ги да се исушат на воздух.

 

 

 

Чанти и ранци

 

Иако на Вашите торби и ранци можеби ќе им треба добро чистење од време на време, тие  дефинитивно е најдобро да се исушат на воздух. Топлината од машината за сушење алишта  може да го наруши обликот на Вашата торба и дури може да ги стопи сите синтетички влакна. 

 

Кога станува збор за алиштата, етикетата за нега во Вашата облека е најдобро место одкадешто треба да започнете, кога одлучувате како да ја исперете и исушите облеката. Ако барате повеќе совети за сушење, пронајдете го нашиот водич за тоа како да ја наполните Вашата машина за сушење алишта. 

 

 

Rather talk to someone?

Beko