Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи

3 мин на читање

Како да спречите гужвање и набори за време на перење и сушење?

Како да спречите гужвање и набори за време на перење и сушење?
Како да спречите гужвање и набори за време на перење и сушење?

 

 

Иако на светот постојат луѓе кои уживаат да пеглаат, ние сме прилично сигурни дека тие луѓе се многу малку!

 

Ако сте тип којшто сака да избегнете пеглање што е можно повеќе, има неколку мали навики што можете да ги вметнете во Вашата рутина за перење алишта за драматично да го намалите пеглањето. Овој водич ќе ви објасни како алиштата се гужваат и се појавуваат набори  и што можете да направите за да ги избегнете.

 

 

 

Сортирајте ги! 

 

Во нашиот водич за перење на алишта во машина, многу зборуваме за сортирање на облеката не само по боја, туку и според температура на перење и сушење. Ако сакате да избегнете набори и гужвање, тогаш треба да започнете да ги подредувате алиштата и по тип и дебелина на ткаенините. Перењето на подебела облека или фармерки со потанки алишта како што се маици, ќе доведе  подебелата облека буквално да ја уништи потанката. Ова предизвикува гужвање, затоа при перењето сортирајте облека со слична дебелинае ,за да ги намалите наборите.

 

 

Правилно сушете ги алиштата во машина за сушење 

 

Ако при перење ги сортирате алиштата според бојата, температурата на перење и видот на ткаенината, тоа значи дека веројатно само треба да ги префрлите алиштата директно од машината за перење во машината за сушење (секако, погледнете ги етикетите за нега на облеката за да проверите дали навистина може да се сушат!). Уште еднаш,ако не ги сортирате алиштата на танки и дебели ткаенини или ако ги измешате во барабанот заедно ,значи дека  потанките алишта ќе бидат уништени од подебелите.  

 

Но, сепак треба да ја изберете правилната програма за сушење, а можеби уште поважно, вистинското време на сушење. Премногу долго сушење на облеката навистина може да направи набори и длабоко да ја изгужва облеката, што ќе бара сериозно пеглање на пареа. 

 

Ако користите временска програма, проверете го барабанот кон крајот на циклусот и ако сте задоволни со нивото на сувост, можете порано да ја завршите програмата. Ако Вашата машина за сушење има сензори, можете да ги користите истите за да го утврдите вистинското ниво на сувост, а сензорите ќе го прекинат сушењето во вистински момент, пред да се пресушат. 

 

Ако Вашата машина за сушење на алишта има програми за сушење на специфични ткаенина, сензорите исто така ќе спречат брчкање, бидејќи автоматски ќе ги постават правилната температура и времето на сушење. 

 

 

 

Диплење на алиштата навреме...

 

Изгледа доста  примамливо да ги извадите алиштата од машината за сушење и да ги фрлите во корпата за алишта, а подоцна кога ќе имате време,да ги здиплите и да ги ставите во плакар. За жал, ова е одличен начин да постигнете Вашите алишта да се изгужваат и да добијат длабоки набори. Ако одвоите време да ги здиплите алиштата непосредно по вадењето од машина за сушење, ќе заштедите часови време за пеглање. 

 

Кога ќе ја извадитете облеката од машината за сушење, силно истресете ја, за да ги отстраните евентуално залепените влакна и за да ја измазните облеката. Веднаш закачете ги кошулите и блузите на закачалки и проверете дали јаките и манжетните, како и преклопите за  копчиња се наместени правилно. Ова ќе им помогне на наборите природно да се испеглаат. 

 

 

 

Важно е складирањето 

 

Диплењето на Вашите алишта и ставање во во  гардеробер, додека тие се сеуште топли или малку влажни ,може да доведе до гужвање и набори. Значи,не ги ставате на  закачалка, дајте им време да се исушат целосно пред да ги закачите на шина или уредно да ги здиплите пред да ги ставите на полица или во фиока. 

 

Ако облечете некој предмет неколку пати пред да го исперите, закачете го за да може да циркулира воздух околу облеката за да се израмнат  набори и да се исуши влагата. 

 

 

 

Отстранување на наборите 

 

 Ако сте во недостаток на време и треба брзо да ги израмните наборите на облеката, можете да се обидете да ја ставите облеката на закачалка и да ја закачите во бања, додека се туширате со топла вода. Создадената пареа ќе помогне во ослободување на набори и изгужвани делови. Ако имате пристап до машина за сушење, можете да ставите влажна крпа во неа,заедно со облеката и да вклучите програма на околу пет минути. Закачете го предметот веднаш потоа и можеби нема да морате да пеглате.

 

 

Иако овие совети можеби не гарантираат дека ќе го избегнете пеглањето  засекогаш, тие сепак ќе ви помогнат значително да го намалите времето што ќе го поминете подгрбавени  над даската за пеглање.

 

 

Rather talk to someone?

Beko