Дали сте сигурни дека сакате да ја избришете вашата споредба?
Продолжи

2 мин на читање

Како да ја транспортирате машината за сушење алишта кога се селите во нов дом?

Како да ја транспортирате машината за сушење алишта кога се селите во нов дом?
Како да ја транспортирате машината за сушење алишта кога се селите во нов дом?

 

 

Нема дилема  дека преселувањето во нов дом  е една од највозбудливите, но сепак стресни работи што ќе треба да ги направите во животот, па затоа вреди да вложите малку повеќе време за да го направите тоа што е можно побезболно.

 

Со целото пакување и планирање што е вложено во него, лесно е да се заборави дека Вашата бела техника доаѓа со вас. Ако сакате да бидете сигурни дека овие апарати ќе се транспортираат безбедно и правилно, и за ова е потребно малку планирање. Овој пригоден водич ќе ви покаже точно што треба да направите за да ги подготвите сите ваши апарати за преселување во новиот дом. 

 

 

 

Подготовка

 

На самиот почеток, исклучете ја машината од  електричната мрежа. Доколку моделот на  Вашата машина е поврзан на водовод и одвод или пак поседува отвор за вентилација, исклучете го цревото за отпадна вода или цевката за проветрување. Извлечете ја машината  за сушење од својата позиција и клипнете или залепете го кабелот за напојување на задниот дел од апаратот. Ако машината поседува резервоар за вода, не заборавајте да го испразните. 

 

Пред да го преместите апаратот, проверете дали внатрешноста е целосно сува и дали филтрите за влакна и пумпата се чисти. За повеќе совети, проверете го нашиот водич како да ја исчистите машината за сушење алишта. 

 

 

 

Преместување 

 

Кога сте подготвени да го преместите апаратот, извлечете го од неговото досегашно место и прицврстете ја вратата со лента или јаже. Ако самите го движите апаратот, побарајте барем уште една личност што ќе ви помогне, бидејќи машините за сушење може да бидат тешки. 

 

Доколку сте во можност,завиткајте го апаратот во фолија со меурчиња, ќебе или нешто друго што ќе  ги апсорбира ударите што може да ги претрпи при преселбата. Обезбедете го апаратот на количката или камионот со кој патува со помош на јажиња.

 

 

 

Преместување и инсталирање 

 

Користете го нашиот водич за инсталација за да ви помогнеме повторно да ја инсталирате машината за сушење алишта во Вашиот нов дом.

 

 

 

Rather talk to someone?

Beko